Еве како да го преживеете патувањето со најдобрите пријатели!
Патувањата се одлични искуства кои секој треба барем еднаш да ги проживее во својот живот. Многу е важно со кого патувате, затоа што од тоа зависи и како ќе си поминете. Ако одлучите да патувате со вашиот најдобар пријател или пријателка тогаш подгответе се затоа што ќе треба да правите компромис за многу работи.
1. Не правете преголеми трошоци
Буџетот може да биде многу сензитивна тема за вас или за вашиот пријател. Можеби сте штеделе со месеци (или години!) за овој одмор, а тој во последен момент со последните пари решил да ви се придружи. Затоа, кога станува збор за гламур ќе треба да направите по некоја жртва ако пријателот не е спремен за луксузи.
2. Заборавете на егото
Кај некои луѓе, патувањето може да ја зголеми нервозата. Затоа, пред да избувнете прашајте се дали можеби не сте доволно спиени, имате главоболка или едноставно ви недостига домот. Пробајте да ги намалите тензиите затоа што последното нешто што ви треба на одмор е да се карате со најдобрите пријатели.
3. Споделувајте ги работите
Најдобрите пријатели се луѓето со кои сигурно сте делеле многу работи. Вашиот плакар сигурно е веќе преполн со нивни работи, па затоа патувањето и нема да ви биде толку непријатно. Направете листа на потребни работи кои можете да ги споделите со нив – пегла за коса, паста за заби и сл. за да не го надминете лимитот на багажот и за да имате место за сувенири и шопинг кои знаете дека зафаќаат многу место. Исто така, чувајте ги сметките за да не настанат караници поврзани со парите.
4. Намалете ги очекувањата
Секако дека патувањето со најдобриот пријател е најдоброто нешто што може да се случи, но мора да бидете свесни дека тоа исто така ги зголемува тензиите и може да предизвика кавги кои имаат моќ да го разнишаат пријателството. Губењето на картата, лошото сместување или не дај Боже нешто трето, може да ве испровоцира да се скарате. Секако дека не треба да ги премолчувате своите желби, но бидете спремни на многу поголема толеранција отколку кога сте дома.
5. Држете се заедно
Кога патувате, многу е важно да се држите заедно – дури и да одите заедно во тоалет. Секогаш внимавајте еден на друг и ако сте во одделни соби или хотели одредете локација на која секогаш ќе можете да се најдете без проблем. Не се потпирајте на безжичен интернет или воопшто на телефоните, затоа што може да се случи да немате пристап или мрежа во некој клучен момент. Договарањето лице во лице е најдобрата опција.
6. Запознајте нови луѓе
Откако ќе поминете неколку дена или недели заедно, промена или додаток на друштвото може добро да ви дојде. Пронајдете луѓе кои сметате дека би имале слични интереси како вас – тоа значи одете на места на кои нормално би оделе и во вашето родно место.
Ако сте љубител на џез музика – одете во место каде што се пушта таква музика. Ако сте љубител на историја посетете некоја историска градба. Луѓето што би сакале да ги запознаете ќе ги најдете на местата што вие нормално би ги посетиле.