Еве како да го освоите мажот од вашите соништа со помош на овие модни и бјути совети!
Момците се визуелни суштества кои лесно можете да ги освоите само со добар изглед. Можеби ви изгледа чудно, но да, тие навистина се грижат како изгледате. Тоа не значи дека треба да се облекувате во најскапите брендови туку само да изгледате добро. Запомнете: мажите воопшто не обрнуваат внимание на моменталните трендови. Овде станува збор за моќни комбинации и употреба на модни додатоци. Всушност, многу е полесно отколку што мислите.
Научете ги овие едноставни трикови за да го освоите преку облеката и шминката.
1. Облечете високи потпетици
Тие ги прават послаби и подолги и им даваат неодолив изглед на нозете, но едно нешто треба да запомните – не носете неудобни потпетици! Нешто што најмногу го мразат мажите е да ве видат дека се мачите на пар штикли од 16 см. Тие нема да ви дадат самодоверба, нити ќе направат да се чувствувате секси. Исто така, момците ги мразат чудните обувки. Колку се поедноставни и поелегантни – толку подобро.
2. Нагласете ги облините
Мажите обожуваат жени кои знаат да ги нагласат нивните облини. Постојат многу моќни комбинации кои ги нагласуваат облините, а најпознат е широкиот ремен во комбинација со здолниште или фустан. Не се плашете да испратите порака дека имате самодоверба. Самодовербата ги привлекува мажите.
3. Носете машки кошули
Нема ништо посекси од тоа жена да носи машка кошула. Тие се многу поудобни од женските модели, а сепак даваат нежен изглед кој заведува. Затоа, одберете машка кошула и комбинирајте ја со фармерки или некое интересно здолниште. Ако сакате да додадете екстра женственост, тогаш одберете некое нежно ланче кое одговара на кошулата.
4. Создавајте удобни комбинации
Мажите ги обожуваат жените што носат удобна облека со доза стил. Одлична комбинација е блејзер со здолништа, шорцеви или пантолони. Изгледајте елегантно, но и секојдневно во исто време.
5. Истакнете ги рамениците
Уште еден начин да покажете дека зрачите со самодоверба е да ги истакнете рамениците. Фустанот без прерамки и блузата без ракави се најдобрите начини да го постигнете тоа, а притоа да изгледате разиграно и секси.
6. Пробајте го малото црно фустанче
Знаете дека е моќна комбинација. Самата Одри Хепберн го постави овој тренд кој до ден-денес остана класика. Елегантната силуета со минималистичкиот дизајн ќе го стопи срцето на кое било момче кое ќе го погледнете. Ако сакате ефектот да биде уште поголем, носете фустан со гол грб – ова е едноставен начин да покажете малку кожа на софистициран начин. Додадете пар едноставни потпетици и чанта и спремни сте.
7. Покажете ги нозете
Најлесниот начин да освоите маж преку облеката е да ги покажете нозете. Тесните фармерки, мини здолништата или фустанчињата се токму облеката која мажите би сакале да ја видат на вас. Сепак, облеката не смее да биде премногу тесна, освен ако не сакате да изгледате како да ви е неудобно. Уште еден начин да ги истакнете нозете е така што ќе носите високи потпетици или на пример некој интересен пар балетанки, патики или римјанки.
8. Употребувајте едноставна шминка
Истражувањата покажуваат дека скоро 80% од мажите го сакаат природниот изглед, но за жал тоа не значи дека треба да сте без шминка. Минималната шминка и свежата и блескава кожа сигурно ќе го освојат. Без тешки тушеви, темни зачадени очи или црвени моливи околу усните. Нека биде повеќе суптилно отколку агресивно. Нападните изгледи зачувајте ги за вечерните излегувања со другарките.
9. Погрижете се усните да ви бидат меки
Совршениот светлоцрвен кармин е тука да ви помогне. Тој ќе ви даде самодоверба и плус, соодветен е за секаков изглед. Ако целите кон уште поприроден изглед, тогаш одберете нијанса посветла или потемна (не се плашете од експерименти). Одберете боја која му одговара на вашиот тен и кој ќе направи да се чувствувате привлечно.
10. Оставете ја косата природна
Повеќето мажи се обожаватели на долгата коса затоа што дава поженствен изглед, но тука во обѕир треба да ги земете обликот на лицето и текстурата на косата за да го направите правилниот избор. Исто така, момците се обожаватели на брановидните фризури! 84% од мажите сакаат природна коса и избегнуваат жени со неприродни бои на коса.