Еве како да го изгубите вишокот килограми додека сте на работното место!

Еве како да го изгубите вишокот килограми додека сте на работното место!

Во голем број фирми вработените нарачуваат храна затоа што немаат време да побараат нешто здраво. Вообичаено станува збор за брза, мрсна и калорична храна која може брзо да се изеде, а сепак да ве засити. Пица, пити, ќебапи, хамбургери… листата на нездрава храна е премногу долга. Во текот на работниот ден вам ви е потребна храна која ќе ве најаде, но и ќе ви даде енергија да го протуркате денот. Затоа еве неколку основни правила како здраво да се храните на работното место.

0-eve-kako-da-gi-izgubite-vishokot-kilogrami-dodeka-ste-na-rabotno-mesto-kafepauza.mk

1. Што да појадувате?

Одберете проја со сирење и јогурт, а за ужина спакувајте си мусли во тегличка и купете половина литар млеко. Подеднакво добра идеја е некој здрав намаз, тост лепче и едно овошје.

Појадокот и ужината можете уште од вечер да ги подготвите или утрото пред да тргнете на работа. Направете здрави намази (кои можат да останат во фрижидер неколку дена) и останува само да купите тост лепче или интегрални кифли. Ако долго време сте биле на нездрава храна периодот на транзиција ќе ви биде потежок, затоа во близина на вашето биро чувајте мешункасти плодови, како суво овошје и слична здрава ужина за моментите кога ќе ве фати криза.

2. Нездрави навики на работното место

Избегнувајте да појадувате на бирото. Подобро е да одите надвор на чист воздух или во кафетерија. Знаеме дека немате време, но работата нема побрзо да ја завршите ако јадете покрај масата, само побрзо ќе се здебелите бидејќи потешко можете да контролирате што и колку јадете.

Секако избегнувајте слатки, чоколади и други нешта „кои ќе ви ја покренат енергијата и концентрацијата“. Испијте чаша вода, излезете надвор на пауза, каснете малку грозје или суви брусници и ќе бидете многу попродуктивни.

3. Празнични честења

Понекогаш колегите од работа, особено во зимскиот период, носат разни слатки за да се почестите. Поводот може да биде слава, роденден, раѓање на дете… Секако дека не сакате да го/ја навредите колегата/шката, но тоа не значи дека треба да ги излижете сите чинии или да го изедете секое парче торта. Земете чаша сок, честитајте и тоа ќе биде доволно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар