Еве како 1 чаша сок од ананас дневно влијае на вашето здравје
Одлични вести за љубителите на ананасот! Сокот од ова егзотично овошје е неверојатно здрав пијалак. Прочитајте што содржи и зошто треба секојдневно да го пиете.
Сокот од ананас е одличен пијалак за освежување во летните денови. Меѓутоа поради хранливите и здрави состојки кои ги содржи, треба да се пие и во зима. Сигурно не сте знаеле дека ананасот е најздравото овошје кое постои. Тој е богат со ензими, минерали, витамини, а содржи и калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод и цинк, потоа провитамин А и витамините Е, Ц и Б.
225 грама ананас содржат 131,4% од препорачаната дневна доза витамин Ц, 76,5% магнезиум, 9% витамин Б6, 8,6% витамин Б1 и само 82 калории.
Што ќе се случи ако секој ден во текот на една година пиете сок од ананас?
- Помалку ќе се разболувате од настинки и воспаленија бидејќи ананасот содржи бромелан кој го чисти организмот од токсини.
- Ќе го изгубите вишокот килограми. Ако го пиете сокот на празен желудник ќе ви се намали апетитот за благо.
- Ќе го исчистите организмот од паразити. Потребни се само три дена редовна консумација на ананас за телото да се ослободи од цревните паразити.
- Се смалува ризикот од повреди. Калиумот што се содржи во ананасот помага при одржување стабилно ниво на електролитите во телото и го спречува грчењето на мускулите при физички напор.
- Редовното консумирање ананас обезбедува обилно количество антиоксиданси за организмот.
- Забите стануваат поцврсти и побели.