Ева Лонгорија обожава да експериментира со модата, а овој пат го привлече вниманието со еден интересен детаљ
Ева Лонгорија обожава да експериментира со модата, а вниманието го привлекува на црвениот килим во класични фустани, но и во лежерни комбинации.
Фотографите ја фотографираа низ улиците на Лос Анџелес, а тоа ги изненади многумина. Таа ги замени своите високи потпетици со чизми и ги комбинира со сини чорапи украсени со ликотна нејзиниот син. Откако Ева Лонгорија стана мајка на Сантијаго Енрике во 2018 година, таа ретко се разделува од него. Дури го носи со себе на снимање на холивудски серии и филмови во кои глуми,ги режира или пак продуцира. Но, кога е разделена од Сантијаго, таа сака да има барем малку потсетување за него со себе.
Гордата мајка уживаше во прошетката со персонализираните чорапи со црни хеланки кои ја истакнуваа нејзината фигура. Таа исто така носеше кафеава чанта, очила за сонце, но и заштитна маска за лице без која е забрането шетање по улиците на Лос Анџелес, но и во остатокот од светот.
Погледнете кои 6 клучни парчиња облека што треба да ги имате за сезоната зима 2020/21.