Есенски тренд кој никогаш не излегува од мода

Есенски тренд кој никогаш не излегува од мода

Изгледа дека животинскиот принт никогаш нема да излезе од мода. За тоа сведочи и големата популарност на капутите со леопардов дизајн што беа претставени на последните ревии на светски познатите дизајнери како Сен Лорен, Роберт Кавали и Миу Миу.

Имено капутите со овој дизајн ја претвораат секоја есенска комбинација во вистински „чик“ изглед, кој делува како навистина да сте се потрудиле за својот изглед – многу повеќе одошто реално сте направиле.

Вие нема да згрешите ни ако се одлучите за бунда од вештачко крзно со овој принт, бидејќи таа без сомнение ќе ви се најде за време на студените зимски денови.

Од друга страна пак, капутот со леопардов дизајн можете да го пронајдете и во шкафот на мајка ви, меѓу старата гардероба, како и во половните продавници што значи дека не мора да дадете цело богатство за нов модел.

Кадифе, животински принт и пердуви: дознајте кој е совршениот есенски тренд за секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар