Есенски модни правила: Стилски грешки што треба да ги избегнувате за време на ладните денови

Есенски модни правила: Стилски грешки што треба да ги избегнувате за време на ладните денови

Со оглед на тоа дека ладните денови скоро дојдоа, време е да ги споделиме со вас овие модни совети од стилистката Катерина Оспина што ќе ви помогнат одлично да изгледате во текот на есента и да ги избегнете сите грешки што жените најчесто се прават.

Избегнувајте светли бои

Без разлика колку многу ги сакате белите панталони, тие не се добар избор за есенските, ниту пак за зимските денови. Стилистката открива дека најдобро е да се одлучите на „есенски бои“ и да бирате по неколку нијанси од нив. Најдобар избор би биле кафена, тегет, сива и бордо боја.

Избегнувајте преголеми јакни и капути

Есента е одлично време за купување нови јакни и капути, а најголемата грешка што повеќето жени ја прават е што бираат облека која не одговара соодветно на нивното тело. Стилистката советува да купите јакна или капут што ќе ја нагласи вашата линија наместо да ја скрие, на тој начин правејќи ве поголеми одошто сте.

Не ги игнорирајте деталите

Посветете внимание на деталите. Зашијте го копчето што ви паднало од капутот… Заменете го истрошениот ѓон на чевлите… Дури и најмалите промени можат да направат да изгледате префинето и убаво. И секако, секогаш водете сметка облеката што ја носите да биде добро испеглана.

Немојте да им робувате на трендовите за чанти

Заборавете на премалите и преголемите чанти, дури и ако се први на топ листите. Најдобро е да изберете некој класичен модел во неутрална боја, која освен тоа што е во тренд, изгледа убав и префинето.

Прочитајте и како да ја подготвите косата за студеното време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар