Есенски модни комбинации за оние што сè уште не се подготвени за панталони
Не знаеме дали сте вистински летен тип кој ги сака горештините, морето, песокот и целата таа летна вибрација, но едно морате да признаете – летото е совршен период за здолништа, фустани и шорцеви, за целата онаа лесна, лелеава и слободна гардероба која можете да ја носите само тогаш. Есента е зад аголот, а ние навистина не сме подготвени да го отфрлиме тој комфор и да облечеме панталони! Сепак, додека есента е блага, сончева и топла, можете да ги комбинирате овие дневни модни комбинации кои истовремено се и летни и есенски и кои не вклучуваат панталони. Супер, зар не?
1. Фустан со долги ракави + чизми над колена
Треба да се заблагодариме што постојат фустаните со долги ракави, кои се лелеави и цветни, исто како да се летни, а слободно можат да се носат за време на есента. Овие фустани стилизирајте ги со чизми над колена, а бонус е доколку чизмите се во иста боја како и фустанот. Изберете некоја типична есенска боја, како што е на пример бордо.
2. Крзнен елек + шорцеви со висок струк
Кога ќе дојдат студените денови, со задоволство им се враќаме на омилените крзнени парчиња облека, како што се елеците. Комбинирајте го со лесни кошули и шорцеви со висок струк, но и широки ногавици. За да ја „заокружите“ комбинацијата изберете темни хулахопки и чизми до глуждовите.
Преминете на следната страница за повеќе комбинации…