Есенски мантил – задолжително парче за овој период од годината
Есента ја одбележуваат постудено време и чести дождови, па така тенките мантили се идеалното парче облека кое секоја жена мора да го има во својот плакар, за овој период од годината.
Ги има во разни големини и бои, но мора да се истакне дека доминираат кремастите нијанси. За посмелите се препорачуваат сината, жолтата и црвената боја, како и моделите со принтови. Идеално одговараат со чизми, а можете да си одберете и убав чадор, кој покрај тоа што ќе има практична намена за врнежливото време, ќе ви претставува и одличен аксесоар. Ова се неколку модели кои ќе ви бидат инспирација при одбирањето на идеалниот мантил за вас.