Есенски комбинации: 6 идеи за носење фустан преку пантолони
Фустанот преку пантолони е резервиран за храбрите и модерни жени. Меѓутоа, воопшто не е лесно да се носат такви комбинации, а тие да изгледаат шик. Затоа, со вас споделуваме 6 идеи со кои ќе можете да ги вклопите пантолоните и фустаните, и на тој начин да бидете подготвени за преминот од една во друга сезона.
1. Лесен фустан на прерамки, тесни фармерки и задолжителниот појас создаваат складна комбинација. Играњето со боите во овој случај воопшто не е потребно и сосема е во ред доколку фустанот е во една боја, а сè останато во друга.
2. Доколку во оваа сезона не сте носеле комбинезон преку бела, памучна блуза, тогаш воопшто не сте ги следеле модните трендови. Кога ќе пристигне есента и понатаму ќе можете да го носите истото, а под фустанот облечете фармерки и кратки чизмички.
3. Фустанот кој е благо проѕирен е идеален за ваквите комбинации. Воопшто не ви е потребно здолниште под него, туку добри фармерки кои се со иста должина како и фустанот. Доста лежерно и со стил.
4. Затворен, црн, свилен фустан асоцира на софистицираност. Немојте да го комбинирате со фармерки, туку изберете пантолони и тоа, широки. Кај оваа комбинација бидете внимателни и добро проценете дали тој волумен ви прилега. Доколку не, секогаш можете да облечете потесни пантолони и да добиете класична комбинација со подолга туника.
5. Веселиот фустан со карнери одлично се вклопува со пантолоните или фармерките со ѕвончести ногавици. Лакираните обувки со рамна потпетица и каишот околу зглобовите совршено ќе ја надополнат оваа комбинација. Под фустанот можете да облечете бела блуза и на тој начин лежерниот , летен фустан да го претворите во сјајна туника.
6. Затворениот, долг, бел фустан може да делува прилично здодевно. Поради тоа е важно моделот да има шлиц низ кој ќе се гледаат фармерките и кои ќе изгледаат поинтересно од голата нога. Обувките и чантата одберете ги во контрастна боја од фустанот, а сината боја на фармерките ќе даде една посебна, лежерна нота.