Претходно
Есенски десерт: Рецепт за пита со тиква и мед
Искористете ја сезоната на тиквата и направете ја оваа вкусна пита.
Потребни состојки:
- 500 грама кори за пита
- 1 кг тиква
- 100 грама мед
- 2 лажици шеќер
- 2 лажички цимет
- 2 ќесички ванилин шеќер
- масло по потреба
- шеќер во прав по желба
Начин на подготовка:
Изрендајте ја тиквата и измешајте ја со медот, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот. Секоја кора попрскајте ја со масло, рамномерно намачкајте ја со една лажица фил и завиткајте ја. Повторете го процесот со секоја кора и ставете ја на плех обложен со хартија за печење. Печете ја питата околу дваесет минути, на температура од 180 Целзиусови степени.
Погледнете како да направите англиска пита со тиквички.