Есенски деликатес: Печена тиква со спанаќ и горгонѕола
Разбудете ги сите сетила со овој богат есенски вкус!
Потребни состојки:
- 1 килограм тикви
- 100 грама спанаќ
- 100 грама марула
- 300 грама горгонѕола
- 1 портокал, иседен
- 110 милилитри маслиново масло
- 40 грама ореви
- 10 грама сол
- 1 гранче мајчина душичка
Начин на подготовка:
Излупете ги тиквите, отстранете им ги семките, исечете ги на мали парчиња, наредете ги на хартија за печење, посолете и ставете 30 милилитри од маслиновото масло. Печете 20-тина минути на 160 степени. Во меѓувреме, исцедете го портокалот, во него сипете 80 милилитри од маслиновото масло и посолете. Исчистете ги спанаќот и марулата, и со рака искинете ги на ситни парчиња.
Горгонѕолата исечкајте ја на стапчиња. Помешајте ја топлата тиква со спанаќот, додајте ги листовите од марулата, зачинете со сокот од портокал и распоредете во чинии за сервирање. Додајте ги стапчињата сирење, расфрлајте ги оревите, декорирајте со мајчината душичка и послужете.
Рецептот е за 4 послужувања.
Пробајте ги и овие мини питички со печурки за мрзливите гурмани.