Есенцијално масло кое ги намалува симптомите на деменција

Есенцијално масло кое ги намалува симптомите на деменција

Есенцијалното масло од маточина се користело како природен лек со векови. Тоа помага во борбата со несоница, мигрена, анксиозност и уште многу други проблеми. Истражувањата покажале дека ова масло може дури да ги намали и симптомите на деменција. Погледнете некои од придобивките од маслото од маточина.

esencijalno-maslo-koe-gi-namaluva-simptomite-na-demencija-kafepauza.mk

1. Ги спречува воспаленијата

Истражувањата покажале дека ова есенцијално масло ги лекува болестите поврзани со воспаление и болка. Можете да го консумирате орално или да го нанесете на проблематичното место со што ќе ја намалите болката или отоците.

2. Го намалува крвниот притисок

Ова масло го намалува високиот крвен притисок. Според едно медицинско истражување, постои поврзаност помеѓу маслото и електрокардиографските промени. Овој тест ги забележува проблемите со електричната активност на срцето.

3. Ги намалува симптомите на Алцхајмер

Во ова истражување, научниците користеле плацебо ефект за да ги одредат ефектите на маслото од маточина кај луѓето кои страдаат од деменција. Тие откриле дека симптомите биле намалени кај 60% од корисниците на маслото и 14% кај луѓето кои биле третирани со плацебо.

4. Спречува и третира инфекции

Ова масло ефективно ги отстранува бактериските инфекции. Тоа дури покажало поголема антибактериска активност кај вакви инфекции од маслото од лаванда, вклучувајќи ја и кандидата.

5. Го лекува херпесот и други вируси

Често се користи и за настинки. Има случаи во кои маслото од маточина речиси целосно го отстранило херпесот од тип 1 и 2.

6. Го подобрува здравјето на кожата

Ова масло може да се користи за разни проблеми со кожата, како акни, егзема, рани, но и за габични инфекции.

7. Го подобрува расположението

Силните антидепресивни својства на ова масло помагаат во борбата со депресија, го подобруваат расположението и помагаат во одржување на емоционалната рамнотежа.

8. Го ублажува ПМС-от

Во едно истражување, жените кои дневно земале 1.200 милиграми од маслото забележале значително намалување на предменструалните симптоми.

Маслото од маточина можете да го најдете во аптеките, но секогаш барајте да биде 100% чисто. Можете да го консумирате орално, или да го нанесете на проблематичното место. За орална употреба, почнете со мала доза, 1 или 2 капки на ден. За деменција консумирајте го орално, а за депресија можете да го консумирате орално или да го нанесете на ушите, зглобовите на рацете, и на задниот дел од вратот. Се разбира, пред да почнете со каков било третман, секогаш консултирајте се со вашиот лекар.

Иако се познати по своите придобивки, сепак има ситуации во кои не треба да користите есенцијални масла.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар