Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопауза

Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопаузата

Поради напливите на топлина, грчевите во нозете и непредвидливите емоции, жените често забораваат дека менопаузата е момент од животот кој всушност треба да го прослават. Таа е голема емоционална, физичка, духовна и психолошка трансформација, целосно обновување на личноста. Со нејзиниот почеток, жените може да погледнат наназад и да се воодушевуваат на сето она што го постигнале дотогаш, но и да направат план за иднината.

Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопаузата

Но, како и секоја промена, така и менопаузата може да донесе несакани ефекти кои го одземаат фокусот од плановите. Постојат повеќе начини како да се третираат, а еден од нив е и ароматерапијата и употребата на есенцијални масла, кои може да помогнат во смирувањето на симптомите. Секоја жена која е на самиот почеток на менопаузата, во зависност од тоа што чувствува и што ѝ пречи во целиот процес, треба да користи некое од следниве есенцијални масла:

1. Масло од сандаловина за регулирање на брановите на топлина

Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопаузата

Неговата арома и терапевтското дејство се одлични за контролирање на брановите на топлина кои се чести во оваа фаза. Потребни се само три капки на дланката и таа да се притисне до градната коска. Маслото од сандаловина дава чувство на свежина и делува релаксирачки. Докажани се и неговите позитивни својства при олеснување на симптомите на депресија.

2. Масло од жалфија против грчеви во мускулите

Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопаузата

Ова е првото есенцијално масло кое алтернативните терапевти го препорачуваат на жените во менопауза. Самата жалфија, иако треба да се внимава на количината што се употребува, има позитивни влијанија врз женското здравје. Може да се користи за масажа на згрчените мускули, самостојно, во комбинација со маслото од сандаловина или да се додадат неколку капки во лосионот за масажа. Пред спиење, може да се меша со кокосово масло или со масло од камилица, за полесен сон. Делува како седатив и за телото и за умот.

3. Масло од лаванда против вагинална сувост

Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопаузата

Маслото од лаванда се користи за побрзо и полесно заспивање, но исто така може да се искористи за да се направи маска за надворешните вагинални ткива. Потребно е во кокосово масло во количина колку полна лажица да се додадат 5-6 капки масло од лаванда и да се користи за надворешно премачкување на интимниот дел. Комбинирајте со масло од камилица доколку ви треба ароматерапија за подобар сон.

4. Масло од цитруси за подобро расположение

Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопаузата

Секогаш кога ќе забележите промени во расположението и обесхрабреност, мирисот на портокал, лимон, лимета или грејпфрут може значително да ја подобрат состојбата. Капнете неколку капки на дланката и уживајте во вдишувањето на мирисот кој ви се допаѓа, а кој ќе ги стабилизира вашите мисли и чувства.

5. Масло или екстракт од витекс за целосен баланс

Есенцијални масла што ги олеснуваат симптомите на менопаузата

Растението витекс станува сè попопуларно кога е во прашање регулирањето на состојбата на женското здравје. Се работи за грмушка која расте во Кина, а во остатокот од светот е доста ретка. Маслото се користи за масажа директно на стомакот, додека екстрактот се користи за да се произведе течност која се пие во форма на капки. Помага при проблемите со варењето на храната кои може да се јават со промената на хормоните при менопауза.

Прочитајте ги и овие 7 начини на кои мирисите влијаат на нашиот ум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар