Претходно
Енергетски чоколатца кои можете да ги направите дома
Брзо, лесно и едноставно, без потреба од печење
Потреби состојки:
- 140 г бадеми (можете да додадете и ореви и лешници)
- 15 урми
- 60 г суви боровинки (или некое друго суво овошје)
- 45 г овесни снегулки
- 2 лажици какао
Начин на подготовка:
Ставете ги бадемите во блендер и убаво иситнете ги. Додадете го какаото, боровинките и овесните снегулки и повторно убаво измешајте. Додека работи блендерот почнете да ги додавате урмите една по една, но претходно извадете ги семките. Кога ќе добиете хомогена смеса, тестото е спремно.
Ставете го тестото во една тава постелена со хартија за печење. Израмнете го тестото од горната страна и ставете го во ладилник да отстои 1 час. Потоа исечете 6 парчиња и уживајте во вкусот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.