Емоционалните вежби се клучот за совршената љубовна врска

Емоционалните вежби се клучот за совршената љубовна врска

Во животот претежно владее логиката. Секоја акција има своја реакција. Ако сакаме да ослабиме, ќе престанеме да јадеме благо. Ако сакаме да добиеме покачување на платата, ќе вложиме повеќе труд во работата. Ако сакаме да доживееме нови искуства, ќе отидеме на патување на некоја егзотична дестинација. Па, што треба да направиме ако сакаме нашата врска да достигне нови нивоа на совршеност? Најчесто, само седиме и чекаме работите да се случат сами од себе. Доколку сте способни и доволно упорни, можете да станете почувствителни и повнимателни. Токму така! Можете да работите на зацврстување на вашите емоции исто како што работите на зацврстување на вашето тело. Ова се неколкуте вежби кои ќе ви помогнат да изградите хармонична, долготрајна и среќна љубовна врска…

Емоционалните вежби за клучот за совршената љубовна врска

Распламтувајте ги најсреќните сеќавања

Можеби не сме свесни за тоа, но како што поминува времето ние постепено ја губиме меѓусебната нежност и си посветуваме помалку внимание. Со секој изминат месец стануваме сѐ понеспособни да дадеме разбирање и да опростиме. Емоциите сега не можат ниту да се споредат со нивниот интензитет на почетокот од врската. Време е да се врати тој интензитет назад! Обидете се да се сетите како започнало сѐ. Тие среќни сеќавања ќе ви помогнат да го погледнете вашиот сакан на истиот начин како порано, во деновите кога се заљубувавте.

Не заборавајте да ги изразите вашите желби

Колку подолго сме во врска, толку повеќе очекуваме од партнерот да знае сѐ за нас и да може да ги предвиди сите наши желби. Па така, честопати сметаме дека нам ни следуваат одредени работи од нашиот сакан уште пред да ги кажеме нашите желби гласно. Ако не ги добиеме тие работи, почнуваме да се сомневаме дека нашиот партнер се однесува ладно. Со текот на времето ова може да ја уништи врската. Но, овие проблеми лесно може да се одбегнат доколку не заборавиме да ги изразиме нашите потреби однапред.

Не го прашувајте партнерот како му поминал денот

Кога и да го поставиме ова здодевно прашање, веројатноста е дека ќе добиеме исто толку здодевен одговор од типот: „Добро, а тебе?“. Ваквиот дијалог не придонесува за тоа да се зближите повеќе. Напротив, може да ја уништи вашата врска со тоа што ќе ја претвори во рутина. Обидете се да смислите некое друго прашање. Зошто не прашате: „Се случи ли нешто интересно на работа денес?“, „Што те има насмеано во последно време?“, „Ги прочита вестите денес?“. Ќе се изненадите од тоа колку поинтересни и поинтимни ќе станат вашите разговори!

Станете експерти еден за друг

Што навистина знаете за вкусот, интересите и хобито на вашиот партнер? Дали навистина знаете кои работи го прават вашиот партнер среќен? Не двоумете се да поставувате прашања. Исто така, пробајте да ги забележите неговите реакции на различни настани, ситуации и активности. Ќе ви требаат информации за да го направите среќен вашиот сакан.

Останете секси

Повеќето луѓе сексуалноста ја поврзуваат со работите што се случуваат во спалната соба. Но, тука станува збор за тоа да останете привлечни и неодоливи во секојдневните ситуации. Можеби партнерот го обожава вашето пеење додека ги миете садовите, но не сака кога ќе ве види со маска на лице. И двајцата треба да ги набљудувате вашите реакции на начинот на кој изгледате и се однесувате. Потоа дискутирајте за тоа кои работи ве привлекуваат еден кај друг. Восхитувајте се, забавувајте се и инспирирајте се еден со друг!

Бидете креативни кога излегувате заедно

Има еден куп корисни идеи на Интернет кои ќе ви помогнат да го пронајдете идеалното место за да го поминете викендот или за да отидете на романтичен љубовен состанок. Или послужете се со вашата сопствена имагинација! Удобната ноќ со пица и добар филм може да почека. Неа секогаш можете да ја имате по прекрасен ден поминат на излет во паркот или незаборавна ноќ во дискотека, танцувајќи до раните утрински часови.

Емоционалните вежби за клучот за совршената љубовна врска

Држете ги проблемите на дистанца

Стресот наметнат од модерниот и брз начин на живот може да ја засенат дури и најсреќната врска. Затоа треба да најдете начин да ги исклучите вашите грижи кога поминувате време со вашиот сакан. Обидете се навистина да го слушате вашиот партнер, а не само да се преправате дека му обрнувате внимание. Најдете задоволство во работите што ги правите заедно. Покажете вистински интерес за секојдневниот живот на партнерот. Не можете целосно да се оградите од проблемите поврзани со работата, но можете да најдете внатрешна сила за да се справите со нив кога ќе биде време за тоа.

Направете пауза кога ќе забележите дека премногу си замерувате еден на друг

Кога страстите се зголемени и само што не сте експлодирале, кажете си себеси да престанете пред да стигнете до онаа точка по која нема враќање назад. Потоа предложете му на партнерот да направите пауза. Продолжете со караницата по 10 минути или подоцна истата вечер. Паузата ќе ја намали емоционалната тежина и ќе ви овозможи да најдете решение на смирен начин.

Покажете ги вашите искрени чувства

Честопати, гледаме да ги покажеме само „поважните“ чувства како што е одобрување или иритација. Со други зборови, ги покажуваме нашите конечни реакции во одредена ситуација. Меѓутоа, треба да ги искористите и „помалку важните“ емоции, оние кои му помагаат на партнерот да види во која насока се движат вашите чувства и мисли. Тука спаѓаат емоциите како среќа, задоволство, разочарување, негодување и осаменост. Овие подлабоки емоции предизвикуваат поголема емпатија.

Извинете се од целото срце

Извинувањата играат важна улога во врската, затоа што мора да бидат од срце! Кога ќе се најдете во таква ситуација, мора да бидете искрени кога ќе признавате каде сте згрешиле и кога ќе објаснувате како планирате да ја поправите грешката. Запаметете дека искреноста е клучот! Само вистината ќе му овозможи на вашиот сакан да ве разбере и целосно да ви прости.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар