Емануел Унгаро – колекција пролет/лето 2012
Историјата на Емануел Унгаро започнува уште од неговото детство, кога неговиот таткото, по потекло од Италија, кој бил кројач по професија, на својот син му подарил машина за шиење. На 22-годишна возраст, во 1955 година, Емануел Унгаро се преселува во Париз за да работи под покровителство на познатиот гениј Кристобал Баленсијага, кој го научил Унгаро на најважинте модни лекции. По 10 години, во 1965 година, Унгаро започнал да создава своја линија на женска облека. Со текот на сезоните, тој станувал сè поразличен додека комбинирал монохроматски тонови и контрасти, точки и линии, цвеќиња и бројки, сенки и светлина. Резултатот од сето тоа денес е светски познат бренд кој заведува. Комбинирајќи ја модата од 80-тите и 90-тите години од минатиот век, Емануел Унгаро за колекцијата пролет/лето 2012 подготви нова суптилна мешавина на бои и дезени кои потсетуваат на неговите рани почетоци. Карактеристични за оваа колекција се специфичните текстури, материјали, графики, принтови и посебно летните нијанси на тиркизната, сината и црвената боја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.