Ем сити ем среќни: Кои намирници можат да ви го подобрат расположението?

Ем сити ем среќни: Кои намирници можат да ви го подобрат расположението?

Само што завршивте со вкусниот оброк, а расположението ви се подобри? Дали храната може да ве направи среќни? Според научниците, да. Имено, едно истражување покажало дека колку повеќе консумирате овошје и зеленчук толку посреќни ќе се чувствувате. Проверете за кои намирници конкретно станува збор.

Ем сити ем среќни: Кои намирници можат да ви го подобрат расположението?

Авокадо

Богато со мононезаситени или т.н. „здрави“ масти, авокадото е одлична намирница против анксиозноста. Според истражување од 2020 година, внесувањето повеќе висококвалитетни масти како оние во авокадото придонесува за намалување на анксиозноста кај жените. Покрај тоа, авокадото е и богато со Б витамини кои не само што го намалуваат стресот туку и го подобруваат расположението.

Темно чоколадо

Да бидеме реални – не ви е потребно никакво истражување кое ќе ви докаже дека чоколадото прави да се чувствувате подобро, затоа што тоа е едноставно така. Сепак, истражувањето покажало дека какаото помага да се подобрат перформансите на мозокот кај младата популација. Освен тоа, темното чоколадо ги намалува и симптомите на депресија.

Кафе

Истражување од 2016 година ја покажало поврзаноста меѓу кафето и ниските нивоа на депресија и анксиозност. Се чини дека сè додека пиете кафе во умерени количини, ќе бидете супер расположени!

Црн грав

Не знаете како да го зготвите црниот грав? Доволно е да го додадете во вашите салати или бурито сендвичи. Не заборавајте дека црниот грав е богат со магнезиум, кој, пак, може да помогне во зголемување на нивото на серотонин или „хормонот на среќата“. Покрај магнезиум, тој содржи и други хранливи материи како бакар, железо, цинк и калиум.

Боровинки

Боровинките се богати се полифеноли, моќен антиоксиданс кој го штити вашиот нервен систем од оштетување, а може да ги подобри и когнитивните функции. Згора на тоа, сите темни бобинки содржат голема доза на витамин Ц, кој според едно истражување од 2018 година, помага да се подобри расположението, особено кај мажите.

Црвено вино

Општопознато е дека црвеното вино содржи ресвератрол кој не само што ги намалува симптомите на депресија туку се грижи и за целокупното здравје. Од друга страна, полифенолите во црвеното вино благотворно влијаат врз работата на срцето.

Цвекло

Цвеклото содржи фолна киселина, која, пак, според научниците, може да игра важна улога во спречувањето на депресијата. Една студија покажала дека луѓето кои не се справувале со депресија, имале поголемо ниво на фолати за разлика од оние кои минувале низ депресивни моменти.

Мед

Медот не само што е одлична замена за шеќер туку и помага да се намалат воспаленијата во организмот, но и ги намалува симптомите на депресија. Освен тоа, благодарение на антибактериските својства, медот го штити телото од штетните бактерии.

Откако прочитавте кои намирници можат да ви го подобрат расположението, можеби ќе сакате да прочитате и зошто храната има големо влијание на расположението и менталното здравје.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар