Еликсир за чистење на црниот дроб: Потребни ви се само три состојки!

Еликсир за чистење на црниот дроб: Потребни ви се само три состојки!

Редовното чистење на црниот дроб е многу важно за одржување на здравјето. Денешната исхрана е полна со штетни материи кои црниот дроб не може сам да ги уништи, поради што му е потребна дополнителна помош.

Еликсир за чистење на црниот дроб: Потребни ви се само три состојки!

Црниот дроб, најголемата жлезда во телото, е најпознат по тоа што ги отстранува штетните материи од телото. Покрај тоа, тој има функција да складира железо и одредени витамини, како и гликоза, која црниот дроб ја ослободува во крвотокот кога на телото му треба повеќе шеќер за енергија.

Црниот дроб, исто така, ослободува стари црвени крвни зрнца, инсулин и други хормони. Затоа е многу важно овој орган да е секогаш во топ форма. Во продолжение ви споделуваме рецепт за чистење на црниот дроб за кој ви се потребни само три состојки кои сигурно ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 1 голема лажица маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/2 мала лажичка куркума

Измешајте ги сите состојки и пијте секое утро на празен стомак.

Маслиновото масло и сокот од лимон се полни со антиоксиданси кои ги отстрануваат вишокот слободни радикали, ги штитат здравите клетки од оштетување и ги неутрализираат токсините. Куркуминот, пак, активната состојка во куркумата, го обновува црниот дроб и го ублажува оштетувањето на истиот, а ги отстранува и мастите од телото.

Откако го прочитавте овој рецепт за чистење на црниот дроб, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар