Ели Сааб – безвремена елеганција
Автор: Елена Јошеска
Либанскиот дизајнер Ели Сааб веќе одамна е водечко име во високата мода на Блискиот Исток, каде што неговите романтични и украсени со кристали наметки, ги привлекле принцезите во неговото ателје во Бејрут, кое го отворил во 1982 година, на 18-годишна возраст. Неговата конфекциска линија која се лансираше во 1998 година во Милано, ги навести истите женствени и елегантни карактеристики, што се застапени кај неговите скапоцени фустани, со свилени ткаенини во светли бои, шифон, бисери и тантела. Спојот од деталите од Блискиот Исток и сензибилитетот од Европа во фустаните на Сааб често може да се забележи и на холивудскиот црвен тепих.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Навистина е единствен и безвремен со своите креации Ели Сааб.