Елегантни женски ракавици за во зима
Автор: Ивана Грујоска
Можеби сме шармирани од нивниот стар холивудски сјај или пак можеби тие се само уште еден дел од многуте модни примери што само чекаат да бидат повторно откриени, сепак едно нешто е и повеќе од јасно: во најстудените денови, има нешто што прави да се чувствувате многу пријатно кога ќе ги лизнете рацете низ еден добар пар женствени ракавици. И за волја на вистината, има нешто подеднакво гламурозно во извлекувањето на истите, прст по прст, кога веќе сте пристигнале на вашата дестинација.
Во сезона кога практично секој дел од телото е комплетиран до точка на чиста гломазност, овие ултраженствени опции во кожа или кашмир и акцентирани со детали од крзно и нитни, се одличен избор ако сакате малку да го обновите вашиот имиџ. Тие се безвременски, погодни за носење, и не се само за покажување: тие ќе ви ги држат рацете топли се додека не се врати пролетта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
За мене оние со крзненце 🙂
Најгрдите. 😀