Екстремен тест на целото тело: „TurkishCupUp“ предизвик
Овој турски начин на вежбање е познат по јакнењето на силата во целото тело, ја подобрува координацијата и стабилноста. Сепак, оваа вежба оди и чекор понатаму – од вас се очекува да кренете тежина со чаша која до половина е наполнета со вода и стои врз тег која треба да го кренете – секако, внимавајќи да не ја истурите водата.
Предизвикот го започнал Омар Болден, истакнат американски фудбалер.
Забелешка:
Доколку сакате да го пробате овој предизвик, но немате можност во салата за вежбање, можете да го направите дома. Препорачливо е да користите пластична или хартиена чаша и да ставите крпи под себе. Секако нема да ви биде пријатно ако водата се истури или чашата се скрши. И без тоа гарантираме дека ова ќе биде тешка задача.
Овие чекори ќе ви помогнат да го остварите предизвикот:
- Легнете на земја испружувајќи ја десната рака. Држете го тегот исправен во другата рака. Започнете со свиткано десно колено и пета на земја. Испружете ја левата нога со петицата кон земјата и левата рака директно на страната, со дланката на земја. Држете ја раката испружена со тегот директно над рамената. Одржувајте ја оваа положба на раката во текот на целата вежба.
- Пријателот нека ви постави чаша со вода врз тегот. Време е да се фокусирате.
- Затегнете го торзото и притиснете го левиот лакт на земја, а потоа повлечете го торзото нагоре.
- Со левата рака и десната нога, оддалечете се од земја, стегајќи ги тетивите за да ги кренете колковите до положба на мост.
- Потоа спуштете ја левата нога под левата рака и спуштете го коленото на земја. Постојано бидете фокусирани на тежината.
- Исправете го торзото и кренете ја левата рака од земја. Свртете го грбот малку за да го поставите телото во права линија.
- Потпрете се на предната нога за да застанете исправено.
- Направете пауза, а потоа сторете го спротивното за да се вратите во почетна позиција.
Можеби сакате да ги дознаете и 4-те стратегии кои ќе ви помогнат да го засакате вежбањето.