Експертите за кариера откриваат: 5 прашања што вие треба да ги поставите на интервју за работа
Интервјуата за работа можат да бидат навистина стресни, особено доколку првпат се соочувате со средба со потенцијален работодавач. На таа средба ќе го оставите вашиот прв впечаток, но и ќе стекнете ваш. Нормално е да чувствувате трема пред можноста што ви се укажува, бидејќи не одите секој ден на интервју.
За време на разговорот имате шанса да покажете дека сте заинтересирани за потенцијалното работно место и да откриете повеќе дали истото е за вас. Но, доколку сакате да оставите впечаток, додека истовремено и се информирате повеќе за работната позиција, на крајот од разговорот поставете ги и следниве пет прашања што ги издвојуваат експертите за кариера.
1. Дали можете да образложите кои се секојдневните обврски што ги наложува оваа работа?
Ова е вашата шанса да дознаете повеќе за тоа што би го правеле и да добиете увид во посебните задачи на вашите секојдневни обврски. Вообичаено описите за работа во огласите опфаќаат само неколку работни задачи, па затоа ова е одлично прашање за да одлучите дали тоа работно место е правилно за вас. Тоа би ви помогнало да разберете како би изгледала идната работа и дали ќе ви одговара.
2. Кои се карактеристиките на некој што би бил успешен во оваа улога?
Сигурен начин да видите дали работната улога ќе ви одговара е да дознаете дали вашата личност е на исто ниво со компанијата. Како што вели експертот за кариера:
„Одговорот на ова прашање ќе ви помогне да разберете кои вештини и ставови ќе треба да ги покажете за да бидете успешни и ќе добиете увид во карактеристиките на оние кои би работеле со вас доколку ја прифатите работата.“
3. Кои се предизвиците со кои се соочувале луѓето на оваа позиција или во вашиот тим?
„За време на интервјуто сакате да добиете јасна претстава за тоа каква е работата, а истовремено и кои се предизвиците и наградите“, велат експертите.
Вашата работа треба да ве предизвикува, но исто така треба да знаете што прифаќате и дали ќе бидете способни да се снајдете со тоа.
4. Доколку го работам ова, како ќе биде измерена работата што ја извршувам?
Сите сакаат јасни и изградени цели, се согласувате? Експертите советуваат:
„ Поставувањето на ова прашање ќе ви даде повеќе специфични информации за успех во работата. Одговорот на прашањето ќе биде од помош дури и доколку не ја добиете работата – ќе имате можност да го искористите тоа што сте го дознале за да препознаете нови области за професионален развој.“
Доколку знаете како ќе бидат мерени вашите работни постигнувања тоа може да ви помогне да бидете подобри и поефикасни на работното место.
5. Колкава е платата?
Според експертите заработувачката спаѓа во петте најважни фактори при вработувањето и навистина нема ништо срамно доколку го поставите ова прашање за време на интервјуто.
„Огласите најчесто немаат никаква информација за плата, и иако разговарањето за пари може да биде тешко, важно е да се праша ова за да може платата да се спореди со просечната плата на пазарот и да се види дали има место за спогодба.“
Прочитајте ја атмосферата во просторијата, па доколку не разговаравте за пари досега, искористете ја вашата можност и прашајте.
Дознајте и кое е најдоброто прашање што можат да ви го постават на интервју за работа.