Експертите за фенг шуи откриваат: Ова никогаш не треба да стои во спалната соба – Привлекува негативна енергија и влијае на спиењето!
Спалната соба треба да биде оаза на мир и спокојство – место каде можете да се одморите физички и ментално и да ја обновувате вашата енергија, па затоа овие простории и соодветно да се уредат, велат експертите за фенг шуи.
Според ова правило, некои работи се апсолутен вишок во спалната соба – тие можат да го нарушат балансот на енергија и лошо да влијаат на вашата ментална состојба, расположение и квалитетот на одмор и сон.
Премногу зеленило
Иако живите растенија се многу пожелни во просторот за живеење, дури и во спалната соба, не треба да претерувате, бидејќи фенг шуи вели дека растенијата испуштаат одредени фреквенции на енергија што може да ви го нарушат спиењето. Се препорачуваат едно, најмногу, две растенија во просторијата каде што спиете.
Непријатни и силни мириси
Местото каде што спиете мора да биде изолирано на некој начин од мириси, како и влага, мириси од кујна или од хемикалиите за чистење на вашиот дом, па дури и од силните парфеми. Се предлага да ја одржувате спалната соба затворена кога го чистите остатокот од станот со агресивни агенси и добро да проветрите пред спиење, а потоа да запалите ароматична свеќа со пријатна арома.
Премногу работи во спалната соба
Според советите на експертите за фенг шуи, спалната соба никогаш не треба да биде преполна со предмети и мебел. Натрупаноста одзема енергија, како на физичко, така и на емотивно ниво и создава чувство на вознемиреност, па често може да се појави и чувство на осаменост и меланхолија пред спиење. Значи, вашата спална соба треба да биде минимално уредена, со што помалку детали и непотребни парчиња мебел.
Складирање под креветот
Просторот под креветот е погодно место, па многумина таму ги остават вишокот работи, но во никој случај тоа не е добро. Еден куп нешта под кои спиеме испуштаат многу лоша енергија и можат да предизвикаат лошо спиење и предвремено будење, како и лоши соништа.
Совет: Ако не можете да се ослободите од вишокот работи, не заборавајте да им пронајдете ново место за да ги тргнете од спалната соба.
Можеби сакате да прочитате и како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи?