Експертите советуваат: Секојдневното вежбање не е добро

Експертите советуваат: Секојдневното вежбање не е добро

Најчесто вежбањето нè полни со енергија, ни го подобрува расположението и нè штити од разни болести. Но доколку претерате, можете да предизвикате спротивен ефект кој сигурно не го сакате. Погледнете зошто не е добро да вежбате секој ден.

Експертите советуваат: Секојдневното вежбање не е добро

Прекумерното вежбање може да ги оштети коските и мускулите

Иако дефиницијата за претерано вежбање е различна за сите, вежбите што ви се многу напорни можат да го зголемат нивото на кортизол. Кога овој хормон е во крвотокот, ткивото на коските побрзо се разградува, а ова може да предизвика и стрес. Колку повеќе вежбате, толку е поголема веројатноста да се намали густината на вашите коски. Ова може да ви предизвика проблеми во староста.

Претераното вежбање може да го отежни зачнувањето

Според едно истражување, 42% од жените кои интензивно вежбале 5 или повеќе часа дневно имале проблеми со зачнувањето, за разлика од оние кои вежбале умерено. Се разбира, вежбањето е дел од здравиот начин на живот, па обидете се да најдете време за него. Само одберете вежби со помал интензитет, како на пример пилатес, јога и пливање, неколку пати неделно.

Како да препознаете дека претерувате со вежбање?

Доколку нозете ви се „тешки“, доколку често се разболувате и покрај здравиот начин на живот, ако болките ви траат со денови, ако премногу спиете или ако се чувствувате исцрпено по секој тренинг, најверојатно претерувате со вежбање. Во овој случај потребно ви е време за закрепнување.

Што да правите на деновите за одмор?

Доколку одете во теретана 5 или 6 пати неделно, можете да поминете еден ден во мирување. Но, вашите мускули ќе бидат многу посреќни доколку прошетате, пливате или се истегнете. После ова, вашите тело и мускули повторно ќе бидат подготвени за работа.

Погледнете и колку треба да вежбате доколку седите во текот на целиот работен ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар