Експертите советуваат: Прашања што треба да си ги поставите пред да започнете сериозна врска
Врските можат да бидат навистина тешки. Замислете да го поминете остатокот од животот во здодевна врска со личност која не можете да ја поднесете. Кога почнувате нова врска, може да има многу причини за тоа – личноста изгледа одлично, има добар карактер, или едноставно се обидувате да ја пополните празнината од некој друг. Без разлика на вашата причина, ако сте во врска со погрешна личност ќе зажалите. Поради ова експертите советуваат да си ги поставите следниве 5 прашања пред да започнете романтична врска.
1. Дали се состанувам за забава или за брак?
Најчестата грешка кај состанувањето е што луѓето не бараат партнер за долга врска. Штом нештата ќе станат сериозни, ќе почнете да се прашувате дали партнерот е навистина погоден за брак. Важно е да си го поставите ова прашање уште на почетокот. Создадете детална слика за вашиот совршен партнер. Штом ќе знаете што сакате, одбирајте ги личностите кои најмногу наликуваат на идеалниот партнер.
Исто така постои интересен математички метод со кој можете да го најдете совршениот партнер. Мат Паркер е познат автор и советува да излезете со 10 луѓе и да забележите кој ве воодушевил најмногу. Нема да се венчате со оваа личност, туку ќе можете да ја споредувате со идните потенцијални партнери.
2. Дали тој/таа има здрава врска со семејството?
Запрашајте се дали сакате да бидете дел од семејството на партнерот. Ако одговорот е не, можеби треба посериозно да размислите за врската. Истражувања покажуваат дека врската помеѓу родителите и децата влијае на начинот на кој им пристапуваме на љубовта и бракот. Истражувањата исто така покажале дека децата кои се соочувале со многу семејни конфликти како расправии, грижа за пари, малтретирање и слично имале поголеми шанси да се разведат. Други истражувања покажале дека врската на мажот со неговата мајка има големо влијание на неговите романтични врски. Колку послаба била врската со мајката, толку послаби се и романтичните врски.
3. Дали сум подготвен/а да се справам со емоционалниот товар на партнерот?
Секој си има свој товар, но со различен идентитет. Емоционалниот товар е „носење“ на сите разочарувања, грешки и трауми од минатото. Овој товар има многу причини – развод, неплодност, спонтан абортус, насилни врски и слично. Постојат неколку знаци за емоционален товар:
- Сомнеж: Партнерот не е сигурен за себе но ни за вас, па постојано се сомнева и донесува заклучоци. Нема целосно да ви верува без помошта од добар психијатар.
- Компулсивни навики: Претерано пушење, јадење, пиење, коцкање и каква било зависност често е начин на справување со нерешени емоционални проблеми.
- Неуспешни врски: Една неуспешна врска не е доволно за да процените некого. Но ако партнерот има дузина вакви врски, тоа може да претставува проблем. Долга листа на неуспешни врски и бракови може да укажува на партнер кој не е подготвен да ви се посвети.
- Емоционална луда железница: Овие луѓе се целосно непредвидливи. Еден ден се вљубени во вас, следниот не можат да ве поднесат. Ова е знак на емоционална нестабилност.
Важно е да знаете дека нема личност без емоционален товар. Поради ова не барајте личност без него, туку запрашајте се дали можете да се справите. Понекогаш емоционалниот товар е резултат на лоша среќа, но понекогаш кажува многу за карактерот на личноста.
4. Како се расправаме?
Расправиите се дел од секоја човечка интеракција, но на некои луѓе им е тешко да направат разлика помеѓу вербално малтретирање и нормална расправија. Првото може да ви ја уништи врската. Квалитетот на еден брак се одредува според тоа како се расправаат партнерите. Ако вашите расправии лесно се претвораат во голем проблем, важно е да го решите ова пред да започнете нешто посериозно. Во здравите расправии и двајцата партнери преземаат одговорност наместо да критикуваат, да обвинуваат или да користат насилство.
5. Како се справува со парите?
Експертите веруваат дека начинот на кој и двајцата се справувате со парите може да ја подобри или да ја влоши врската. Според едно истражување финансиските несогласувања најчесто му претходат на разводот. Поради ова важно е да знаете за долговите на партнерот и отворено да разговарате за нив. Ако не постои знак дека тој планира да го реши финансискиот проблем, подобро да си заминете пред проблемот да стане и ваш.
Погледнете и како да дознаете дали партнерот сака сериозна врска.