Експертите советуваат: Од голема важност е долната облека што ја носите за време на вежбање
Веројатно барем еднаш сте биле во ситуација со часови да барате кои се најдобрите патики за трчање или која облека најдобро ја впива потта. Но дали некогаш сте обрнале внимание на долната облека што ја носите за време на вежбање?
Иако најверојатно одговорот е не, погрешната долна облека може да има лошо влијание врз вашето здравје. Доколку топлината, потта и триењето кои настануваат за време на вежбањето се „заробат“ поради лошата долна облека, може да се појават габи кои пак предизвикуваат разни инфекции. Според ова, жените се изложени на поголем ризик доколку не внимаваат на долната облека.
„Жените со постоечки проблеми се особено чувствителни и треба да обрнат дополнително внимание на нивните тренинзи“, изјавила Рене Местад, главна на одделот за гинекологија во болница во Сиракуза.
Доколку и мажите и жените сакаат да го зачуваат нивното здравје, потребно е да следат едно важно правило – без разлика што носите, најдобриот начин да ја спречите инфекцијата е веднаш да ја соблечете облеката за вежбање и да се истуширате по тренингот.
Исто така ако носите облека од памук, повторно правите грешка. За вежбање најдобро е да одбирате материјали како полиестер, најлон или спортска волна. Овие материјали се направени така што ја отстрануваат влагата од вашата кожа. Природните материјали како памукот можеби се полесни за вежбање, но не заборавајте дека тие впиваат многу добро, па можат да ја иритираат кожата.
Кога станува збор за обликот на долната облека, идеални се класичните гаќи и оние со форма на бикини. Доколку сепак сакате да носите танга, важно е да знаете дека во текот на вежбањето таа може да се помести. На овој начин фекалните бактерии ќе завршат на погрешно место и може да настане инфекција.
Откако ќе ја одберете долната облека, осигурете се дека ви дава поддршка, но да не ве стега премногу. Додека ја одбирате облеката, на етикетите побарајте ги и зборовите антимикробно и синтетички материјал.
Знаете ли кои видови долна облека можат да бидат лоши за вашето здравје?