Експертите советуваат која храна не е добра за вашето бебе

Експертите советуваат која храна не е добра за вашето бебе

Сигурно е возбудливо да почнете да внесувате нова храна во исхраната на вашето бебе. Но, постојат некои видови храна кои не треба да му ги давате на вашето малечко. За да избегнете здравствени проблеми сега и во иднина, експертите препорачуваат дека овие видови храна не се добри за бебињата и дека треба да ги избегнувате.

1. Сирова или недоволно зготвена храна

(1)ekspertite-sovetuvaat-koja-hrana-ne-e-dobra-za-vasheto-bebe-kafepauza.mk

Можеби јајцата ги сакате малку живи или пак вашето месо средно печено, но кога им давате храна на децата гответе ја до крај. Кај децата, особено кај бебињата постои поголем ризик од салмонела. За да го намалите ризикот никогаш не им давајте недоволно зготвено месо или јајца.

2. Сол

(2)ekspertite-sovetuvaat-koja-hrana-ne-e-dobra-za-vasheto-bebe-kafepauza.mk

Бебињата кои имаат помалку од 12 месеци имаат потреба од помалку од 1 грам сол дневно. Децата од 1 до 3 години треба да внесуваат само 2 грама сол. Опасно е да им давате премногу сол на бебињата бидејќи нивните бубрези не се подготвени да се справат со натриумот. Кога купувате готова бебешка храна, секогаш проверувајте го нивото на натриум и никогаш не додавајте кујнска сол во нивната храна.

3. Шеќер

(3)ekspertite-sovetuvaat-koja-hrana-ne-e-dobra-za-vasheto-bebe-kafepauza.mk

Шеќерот може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај децата. Целосно избегнувајте го шеќерот кај децата кои се помеѓу 0 и 24 месеци, а кај децата постари од 2 години ограничете го внесувањето на 25 грама шеќер дневно. Наместо слатки, научете го детето да јаде овошје.

4. Мед

Honeycomb on a wooden surface

Медот можеби изгледа како добра и природна храна за вашето малечко. Но, важно е бебињата да не консумираат мед додека не наполнат барем 12 месеци. Медот содржи спори на бактерија наречена „Clostridium botulism“ која може да му наштети на младиот дигестивен систем. Медот е безбеден за возрасни и за деца кои имаат повеќе од 1 година бидејќи дигестивниот систем е доволно развиен за да го спречи развивањето на бактеријата.

5. Кравјо млеко

(5)ekspertite-sovetuvaat-koja-hrana-ne-e-dobra-za-vasheto-bebe-kafepauza.mk

Кравјото млеко не е добро да се користи во првата година на бебето. Единственото млеко кое треба да го пијат е она од мајката или правилно избраната формула. За децата кои имаат повеќе од 1 година се препорачува да им се дава полномасно млеко, а не млеко со намалена масленост.

6. Храна со која може да се задават

(6)ekspertite-sovetuvaat-koja-hrana-ne-e-dobra-za-vasheto-bebe-kafepauza.mk

Избегнувајте свеж зеленчук, пуканки, бонбони, гума за џвакање и која било поголема храна. Важно е да го надгледувате детето на секој оброк. Исто така научете го да јаде седнато наместо да се мрда или да лежи и со тоа ќе го намалите ризикот.

Иако овие совети се добри, секогаш е важно да се консултирате со вашиот лекар за исхраната на вашето бебе. Со вистинската исхрана можете да одгледате среќно и здраво дете.

Прочитајте ги и овие интересни, но и чудни факти за бебињата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар