Експерт за труење со храна открива 6 јадења кои не треба да ги јадете
После 20-годишно искуство со судски процеси поврзани со труење од храна, Бил Марлер едноставно престанал да консумира одредени јадења. Адвокатот кој го води случајот против мексиканскиот синџир за брза храна Chipotle, откако се појавиле серија случаи со ешерихија коли, ни објаснува кои јадења ги исфрлил од својата исхрана и зошто. После долгото искуство во судницата и многуте добиени случаи, одлучил дека оваа храна не е вредна за ризикот кој се презема ако ја јадеме.
1. Сирови, необработени школки
Според Марлер, во последниве 5 години има многу повеќе труење предизвикано од школки, отколку во претходните 20 години, а тоа се должи на зголемените температури на морињата и океаните. Како што се зголемува глобалната температура, така се зголемува и бројот на микроскопски организми кои завршуваат во необработените школки кои често се консумираат.
2. Претходно насечени или измиени овошја и зеленчуци
Марлер вели дека бега од овие овошја и зеленчуци како од чума. Тоа што ви е олеснета работата може да биде убаво, но колку повеќе луѓе ја допреле храната, толку се поголеми шансите за пренесување на одредена зараза.
3. Необработени никулци
Труењето од никулци е изненадувачки често, со повеќе од 30 можни бактериски зарази (примарно салмонела и ешерихија коли) во последниве две декади.
4. Живо месо
Готвачи, навистина ни е жал, но Марлер вели дека месото треба да е најмалку средно печено за да биде безбедно за јадење. Според експертите, месото треба да се готви на минимум од 160 степени за да ги уништи бактериите кои можат да предизвикаат ешерихија коли или салмонела.
5. Живи јајца
За сите кои се сеќаваат на епидемијата од салмонела во осумдесеттите и деведесеттите години, ова не е нешто ново. Според Марлер, шансите да добиете труење од живи јајца сега се многу помали, но сепак нема потреба да се ризикува.
6. Необработено млеко и сокови
Едно ново движење во светот на храната ги поттикнува луѓето да пијат термички необработени млека и сокови, со аргумент дека пастеризацијата ги уништува хранливите вредности. Според Марлер, пастеризацијата секако не е опасна, додека сировите пијалаци можат да бидат, бидејќи прескокнувањето на овој безбедносен чекор го зголемува ризикот за зараза од бактерии, вируси или паразити.