Еклери со вкус на кафе
Освежете го вашиот омилен десерт со силниот вкус на кафето
Потребни состојки:
- 50 грама путер
- 65 грама брашно
- 2 средни јајца, изматени
- 300 милилитри шлаг
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 100 грама шеќер во прав
- 15-30 милилитри црно кафе
- 150 милилитри вода
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
Пред да започнете вклучете ја рерната на 220 степени и оставете ја да се загрее. Ставете го путерот со 150 милилитри вода во тенџере и топлете го сè додека не се стопи. Откако смесата ќе почне да врие, веднаш додадете го брашното и прстофат сол и потоа почнете да го мешате со дрвена лажица сè додека не се претвори во мазна топка. Оставете да се олади 2-3 минути.
Постепено додавајте ги јајцата, мешајќи добро после секое додавање, сè додека смесата не е цврста и сјајна. Можно е да не ви се потребни сите јајца кои сте ги подготвиле.
Префрлете ја смесата во торбичка за шприцање со голем отвор и поделете ја на 10-тина дела со по 9 сантиметри должина во садот за печење. Печете 15-20 минути или сè додека смесата не стане златеникава и цврста, а потоа прободете го секој еклер со врвот од ножот за да ѝ овозможите на пареата да избега и продолжете со уште 2, 3 минути печење. Префрлете ги во сад во кој ќе можат да се оладат.
Преполовете го секој оладен еклер. Изматете го шлагот со екстрактот од ванила и додавајте од него сè додека не ги пополните долните половини. Мешајте го шеќерот во прав и кафето сè додека не направите мазна глазура и потоа потопете ги горните половини од секој еклер во неа. За крај, внимателно спојте ги еклерите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.