Екарт Тол: Однесувајте се како да имате и сè ќе си дојде само од себе

Екарт Тол: Однесувајте се како да имате и сè ќе си дојде само од себе

Екарт Тол е духовен учител и автор, кој со својата мудрост и со своите книги, успева да влијае на голем број личности во светот. Пронаоѓајќи инспирација и мотивација од неговата состојба (тој страдал од долги периоди на депресија), Тол успеал да ги оттргне тие свои граници и во иднина да гледа на проблемите од поинаков аспект. Денес, неговите совети им помагаат на голем број луѓе да се справат со секојдневните проблеми кои ги измачуваат, па, денес ви прикажуваме еден дел од неговата мудрост кој ќе ве натера да погледнете на работите од малку поинаква перспектива.

Мудри совети од Екарт Тол: Давајте многу, па многу и ќе добиете!

Што и да мислите дека вашиот свет ви го одзема, вие му го одземате на светот. Што и да мислите дека луѓето ви го одземаат, пофалба, благодарност, помош, љубов, нежност и така натаму, дајте им го вие на луѓето. Не можете да го добиете она што не го давате. Одливот го одредува приливот. “

Обидете се во наредните неколку недели да го применувате ова, па ќе забележите како ќе се менува вашата реалност. Што и да мислите дека луѓето ви го одземаат, без разлика дали е тоа некој убав збор, благодарност, помош, поддршка, заштита и слично, подарете им го и вие истото. Го немате сето ова? Само однесувајте се како да го имате, па сѐ ќе си дојде самото од себе. Потоа, за кратко време откако ќе почнете да давате, ќе почнете и да примате. Не можете да го добиете она што не сте го подариле. За сѐ што мислите дека светот ве лишува, вие веќе го поседувате. Но, ако не дозволите тоа и да излезе од вас, тогаш нема да бидете свесни за тоа што имате.

Законот дека одливот го одредува приливот, е искажан преку зборовите на Исус: „Дајте и ќе ви биде дадено: Добра и преполна мерка ќе ви биде дадена во рацете ваши“ (Светото Евангелие според Лука). Изворот на богатство не се наоѓа надвор од вас. Тој е дел од вас. Сепак, почнете со препознавање и прифаќање на изобилството кое се наоѓа надвор. Забележете го животот кој ве опкружува. Топлината од сонцето на својата кожа, убавото цвеќе изложено пред цвеќарницата, моментот кога ќе го гризнете сочното овошје или оној кога ќе бидете целосно навлажнети од туширањето. Исполнетиот живот е присутен на секој чекор. Прифатете го богатството кое се наоѓа околу вас, за да имате богатство и во вас. А потоа, дозволете му да излезе…

Кога ќе му се насмеете на некој непознат, веќе постои мал одлив на енергија. Вие станувате давач. Имајте навика често да си го поставувате прашањето: „Што можам да дадам сега? Како можам да ѝ помогнам на оваа личност, во оваа ситуација?“ Не е потребно да поседувате ништо за да се чувствувате богати, иако, ако постојано чувствувате изобилство, сигурно работите самите ќе ви доаѓаат. Изобилството доаѓа само кај оние кои веќе го имаат. Звучи неправедно, но тоа е универзален закон. И богатството и недостигот се внатрешни состојби кои се изразуваат во форма на вашата реалност. Исус тоа го искажал со следниве зборови: „Затоа што кој има, ќе му се даде, а кој нема, ќе му се одземе и она што го има“ (Светото Евангелие според Марко).

Давајте го она што го немате, за истото да го добиете. Отсега па натаму, обидувајте се да им ги давате на луѓето оние работи кои мислите дека ви недостигаат вам. Ако мислите дека ви недостига внимание, практикувајте да му го подарувате своето некому, па ќе добиете и вие. Подарувајте многу, па многу и ќе добиете!

Ако оваа тема ве замисли, прочитајте и што вели Екарт Тол за единствениот начин на кој можете да ја смените вашата судбина!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар