Ефикасна техника за средување на веѓите со помош на конец

Ефикасна техника за средување на веѓите со помош на конец

Средувањето на веѓите со конец е техника која потекнува од Азија, а во последно време станува сѐ попопуларна и веќе ја користат многу експерти за шминкање. За оваа постапка се користи памучен конец кој се замотува околу секое поединечно влакно, а потоа тоа се извлекува од коренот. Техниката најчесто се користи за средување на веѓите и областа над усните.

Ефикасна техника за средување на веѓите со помош на конец

Оваа техника е побрза отколку средувањето на веѓите со пинцета. За нејзино изведување потребни се 5-10 минути, додека користењето на пинцетата бара околу 20 минути. Во зависност од тоа каде живеете, оваа услуга не би требало да биде скапа, па препорачливо е прво тоа некој професионално да го направи, а потоа вие само да ја одржувате формата на веѓите со помош на пинцета.

Безболно отстранување на влакната на веѓите со помош на конец

Средувањето на веѓите со конец е сѐ попопуларна техника во светот и сѐ повеќе дами се одлучуваат за овој метод на обликување на веѓите. Многу жени кои ја испробале оваа техника велат дека боли помалку отколку отстранувањето со пинцета и дека е совршена за оние кои имаат чувствителна кожа. Исто така добро е и тоа што со само еден потег можете да отстраните и повеќе влакна. Имено, се покажало дека со примената на овој метод веѓите растат побавно, односно дури за 4-8 недели.

Правилно отстранување на влакната со конец

Овој метод се користи за средување на веѓите затоа што ги обликува брзо и лесно. Но, освен за веѓите, оваа постапка може да биде корисна и за отстранување на влакната од областа над усните, брадата и останатиот дел од лицето. Може да се отстрануваат влакна кои се подолги од 1 милиметар, а за тоа не ви требаат никакви помагала како на пример восок или пинцета, туку само вашите раце и малку конец. Пред да започнете да ги отстранувате влакната, на дофат имајте:

  • Конец
  • Дрвен молив
  • Коцки мраз

Постапка за отстранување на влакната од веѓите

1. Прво исечете малку конец со должина од околу 15 до 20 сантиметри, во зависност од тоа колку ви се долги прстите, затоа што не е добро конецот ниту да биде премногу долг, ниту премногу краток. Спојте ги краевите и со двете раце фатете го конецот, така што ќе ги земете различните краеви додека во средината се формира јаз. Со молив исцртајте го посакуваниот облик на веѓите. Ако имате чувствителна кожа во областа околу веѓите, прво истријте го местото со мраз.

2. Со десната рака свијте ја едната страна на конецот 6 пати, водејќи сметка јазот да не биде токму на средината, туку малку повеќе кон десната страна. Со левата рака силно придржувајте го конецот за да не ви се испушти, затоа што треба да биде добро затегнат.

3. Вежбајте да ги отворате прстите со едната рака додека во истиот момент ги затворате другите прсти и тоа што побрзо, како ножици. Делот во средината ќе ги влече непотребните влакна.

4. Откако ќе го совладате претходниот чекор, време е да се обидете сами да го примените овој метод дома. Рацете ставете ги на лицето под веѓите, поместувајќи ги показалецот и палецот од едната и другата рака така што јазот ќе ги отстранува влакната. Тоа треба да го правите изедначено, односно кога на едната рака ќе ги раширите палецот и показалецот, на другата да ги приближите.

5. Подигнете го триаголникот на делот кој сакате да го отстраните, а влакната би требало да ги скубете во спротивен правец од нивниот раст.

6. Затворете ја раката, односно прстите кои го контролираат триаголникот, додека ја отворате другата. Внимавајте конецот да ја допира кожата додека вие што побргу ја отворате и ја затворате дланката.

Најважно е што повеќе да вежбате за да ја усовршите оваа техника. За жените кои сакаат природно да се негуваат, оваа метода е вистинскиот избор!

Погледнете го видеото за подетално да видите како се изведува оваа техника.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар