Претходно
Ефикасен трик за брзо намалување на големите мозолки на лицето
Треба да излегувате, а едно тврдоглаво мозолче стрчи на вашето лице и никако не се смалува. Секако дека коректорот ќе заврши работа за да се прикрие црвенилото, но отокот и понатаму ќе се познава. Сепак, постои нешто што можете да направите за мозолката да изгледа значително помала и помалку видлива.
- Никако немојте да го чепкате мозолчето. Тоа само ќе го зголеми отокот.
- Ставете коцка мраз директно на мозолчето и држете така 1-2 минути.
- Избришете ја влагата со памукче за шминка и потоа нежно притиснете со стапче за уши претходно натопено во ацетон. Мозолчето ќе дехидрира и ќе стане помало.
- Почекајте неколку минути и дури потоа почнете со шминкање.
Важна напомена: Ацетонот не смеете да го користите во близина на очите. На лицето можете да го нанесете само во „кризни ситуации“ бидејќи во спротивно можете да ја исушите и оштетите вашата кожа.