Ефикасен начин за спречување на течењето на носот за само 5 минути
Луѓето често не обрнуваат внимание на растечениот нос, што може да има сериозни поледици. Но, масирањето на одредени точки на лицето може да му помогне на организмот брзо да се опорави. Еден ефикасен начин предлага Лу Хунсен, доктор по кинеска медицина.
Кинеската медицина смета дека најважната работа е правилниот проток на крв до мускулите и ткивата. Доколку некаде во организмот се сопира течењето на крвта, на тоа место почнува да се развива некоја болест. И обратно, Ако се осигура потребниот проток на крв, организмот ќе биде во состојба брзо да ја излечи настанатата болест. Затоа масажата на клучните точки помага во оздравувањето.
Точка бр. 1: Ако ги продолжите линиите на веѓите кон внатре, оваа точка се наоѓа директно над почетокот на носот.
Точка бр. 2: Симетрични точки на двете страни од лицето – едвај забележливите вдлабнатини на околу 2 см од надворешната страна на веѓите, кои треба да се притискаат истовремено.
Точка бр. 3: Две симетрични точки во вдлабнатината на долниот дел од носот.
Точка бр. 4: Симетричните точки оддалечени околу половина сантиметар од носот.
Како да масирате?
Сите точки треба да се масираат со врвовите на прстите по една минута. Притискајте силно, но не до болка. Не е важна насоката на масирање. Важно е да го чувствувате притисокот на одредената точка.
Течењето на носот практично престанува после првиот пат. По потреба повторете ја постапката два или три пати во денот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.