Ефективни домашни третмани за намалување на растот на несаканите влакна
Влакната често растат на незгодни делови од лицето и телото. Опциите за ослободување од нив се познати: депилирање, бричење или осветлување. Сепак, ова се моментални решенија. За да го намалите нивниот раст на подолг рок, ви нудиме 4 ефективни домашни третмани, кои се евтини и лесни за изведување.
Лимон и шеќер
Измешајте 10 мл свежо исцеден лимонов сок и 30 грама шеќер. Потоа, додадете 150 мл обична вода во смесата. Измешајте ги убаво сите состојки и потоа нанесете од смесата на оние делови од телото каде што сакате, аплицирајќи во насока на растење на влакната. Оставете да стои 15 минути, а потоа измијте ги деловите со ладна вода. Благо протривајте го регионот додека се плакнете.
Миксот од лимон и шеќер во гранули се однесува како благ ексфолијант и овозможува спречување на растот на несаканите влакна. Лимоновиот сок има својства на природен антисептик и има атстрингентно дејство. Повторувајте ја постапката еднаш неделно и ќе го забележите прогресот.
Мед и лимон
Уште еден лек за спречување на прекумерен раст на влакната на телото е мешавината од 40 мл мед и 10 мл лимонов сок. Нанесете од смесата во насока на растењето на влакната со помош на памучно перниче. Оставете ја пастата да делува 15-20 минути и потоа исплакнете. Повторувајте го третманот двапати неделно 3 недели и потоа скратете на еднаш неделно.
Брашно од леблебија, куркума и урда
Подгответе густа паста од брашно од леблебија, куркума и урда. Нанесете на саканите делови и оставете да се исуши. Кога смесата ќе се исуши, отстранете ја од кожата со нежно протривање и потоа измијте се со ладна вода.
Лимонов сок и брашно од леблебија
Направете микс од 30 грама брашно од леблебија, 150 мл вода и 10 мл лимонов сок. Добро измешајте. Нанесете од миксот на оние делови од телото каде што имате потреба и оставете да стои 15 минути. Потоа измијте се со нежно движење во насока на растот на влакната. Повторувајте ја постапката двапати неделно 2 месеци и ќе ја забележите разликата.
Секој од овие третмани е ефективен доколку се применува редовно. За која опција и да се одлучите, најпрво тестирајте ја смесата на раката за да се осигурате дека немате негативна реакција на состојките и потоа продолжете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.