Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот
Автор: Ели Радеска
Која е првата мисла со која се будите? Некои луѓе се будат со помислата: „Проклетство, веќе е 6 часот!“, а други: „Колку прекрасен ден е на повидок!“ Каков ментален статус ќе заземете наутро, таков ќе ви биде и остатокот од денот.
За денот да ви биде ефективен и продуктивен, искористете го утрото и направете го моќно! Разбудете се со чувство дека сте на врвот на светот.Моќни утрински прашања – Секогаш си поставуваме прашања, дури и тогаш кога не сме свесни за тоа. Додека појадуваме, или го пиеме утринското кафе, безброј мисли ни се вртат низ глава.
Научете да ги контролирате. Ако ги контролирате овие мисли и прашања, вие имате целосна контрола над вашата психа. Стопирајте ги негативните мисли, земете контрола, мислете позитивно.
- Прашања кои треба да си ги поставите секое утро:
- Што можам да очекувам од денешниов ден?
- Како да си го направам денов совршен?
- Која е најдобрата работа која би можела да ми се случи денес?
- Што е совршено во мојот живот?
- Во што сум добар/ра?
- Дали денес ќе примам некаква заслуга?
Со поставувањето на овие прашања ги насочувате мислите кон оние работи кои сакате да ви се случат. За некои прашања не мора да имате реална основа, вашиот мозок по автоматизам ќе се стреми кон одговорите.
Не заборавајте го основното прашање: За што треба да бидам благодарен/на? Сите ние имаме толку работи за кои треба да бидеме благодарни.
Триесетдневен тест – Во текот на наредните 30 дена поставувајте си ги горенаведените прашања. Може да земете ливче и да запишувате. Наместо да се фокусирате на она што ви се случило претходниот ден, или на она што сте го сонувале, фокусирајте се на денешниот ден.
Сменете ја вашата утринска рутина – но не менувајте ги работите кои ви се допаѓаат и ве прават среќни.
Не вклучувајте го веднаш компјутерот или телевизорот – тоа не е здраво будење. Мозокот наутро буквално „впива“ информации бидејќи е свеж и одморен. Зошто тоа да не го искористите правилно?
Медитирајте – не е лесно да го „одвоите“ телото од умот. Потребни се тренинг и вежби. Но секогаш можете да најдете методи за релаксација. Разбудете се порано од предвиденото, опуштете се подготвувајќи се за обврските кои следуваат. Зошто да не се разбудите половина час порано, па наместо брз туш да уживате во пенеста купка? Не заборавајте дека на вашето тело и вашиот ум, секогаш треба да им угодувате и да ги „разгалувате“.
Слушајте музика – сите знаеме дека моќта на музиката е огромна. Наутро слушајте нешто што ќе ве „подигне“, инспирира и мотивира.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.