Претходно
Едноставно и вкусно предјадење: Мафини со тиквички
Сезоната на тиквички е во полн ек. Искористете го овој здрав зеленчук за новото, летно мени.
Потребни состојки:
- 2 тиквички
- 10 лажици брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 3 лажици гриз
- 2 лажици масло
- 50 грама ситно сечкани пиперки
- 2 јајца
- 60 грама кашкавал
- малку магдонос
Начин на подготовка:
Изрендајте ги тиквичките, посолете, додајте ги јајцата и измешајте ја смесата. Потоа, додајте ги маслото, пиперките и кашкавалот и продолжете да мешате. Додајте ги содата бикарбона, гризот и брашното и соединета ја смесата. На крајот, додајте го магдоносот. Распоредете ја смесата во калап за мафини и печете 20 минути на температура од 200 °С. Откако мафините ќе бидат готови, можете да посипете со пармезан по желба.
Погледнете го и овој рецепт за вкусен куглоф со цреши.