Едноставни трикови за коса наменети за мрзливите девојки

Едноставни трикови за коса наменети за мрзливите девојки

Понекогаш се чувствуваме толку мрзливо што едноставно немаме волја дури ни да станеме од креветот и да живееме, а уште помалку да мислиме на тоа што да облечеме или како да ја средиме косата. Најдобро решение е сепак да ја врзете во опавче, но доколку сакате нешто поразлично, тогаш испробајте ги овие едноставни трикови со кои вашата фризура секогаш ќе изгледа совршено.

1-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_

1. Бранови кои се добиваат за само 5 минути

Секако дека можете да ја навиткате косата со помош на фигаро или преса, но дали навистина имате толку време? Наместо тоа, поделете ја косата на два дела, нанесете средство за обликување, навиткајте ја како што е прикажано на фотографијата и исушете ја со фенот. Резултат: Лежерни бранови и совршена фризура!

2-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_ 3-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_

2. Исто како вака да сте се разбудиле

Многумина од нас сакаат лежерни, неуредни фризури полни со волумен, но малкумина од нас го доживуваат тоа. Сепак, овој трик е толку едноставен што ќе останете зачудени, поради што и со сигурност ќе започнете да го применувате секојдневно. Испрскајте ја четката за руменило со лак за коса и „истријте“ го коренот на косата. Тој ќе се разбушави толку колку што е потребно за да го добиете посакуваниот лежерен изглед, додека истовремено ќе делувате чисто и свежо.

4-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_6-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_

3. Опавче на поразличен начин

Сакате да ја врзувате вашата коса, но ви досади истата фризура со коњско опавче? Тогаш, испробајте ниско опавче кое ќе го врзете на еден поразличен начин – со помош на самата коса. Издвојте два прамена од напред, а потоа со нив заврзете ја косата назад, на тој начин што ќе добиете јазол, исто како на фотографијата. За крај, прицврстете ги со шноли и лак за коса. Интересно, зарем не?

7-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_ 8-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_

4. Интересна пунџа

Ако сакате да ја држите косата подалеку од лицето, тогаш направете некоја интересна фризура. Одлучете се за симпатична пунџа која ќе ја направите така што, најпрво, ќе ја поделите косата на два дела, а потоа ќе ги завиткате прамените еден околу друг. Така навитканата коса, повторно навиткајте ја за да формирате пунџа, а потоа зацврстете ја со шноли. Тоа е тоа! Ќе потрошите само неколку минути.

9-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_10-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_ 11-eve-reshenie-i-za-niv-trikovi-za-kosa-posveteni-za-mrzlivite-devojki-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар