Едноставни трикови за коса кои ќе направат да изгледате до 5 години помлади
Косата е важен дел од севкупниот изглед затоа што таа до одреден степен ја изразува личноста на поединецот. Всушност, фризурата игра клучна улога кога е во прашање дефинирањето на вашите години, па затоа постојат неколку начини со чија помош можете да изгледате и до 5 години помлади. Погледнете ги овие неколку практични совети кои ќе ви овозможат секогаш од вас да го извлечете најдоброто.
1. Стилот на фризура
Кога станува збор за стилот на фризурата, најдобар начин да изгледате помладо е да ја исечете косата на слоеви, дефинирајќи го лицето и вратот.
2. Бојата на коса
Светло обоената коса дава помлад изглед, а кој не го посакува тоа? Сепак, бидете внимателни при избирањето вистинска боја. Се препорачува да не ја осветлите косата повеќе од две до три нијанси од својата природна боја, а секако, внимавајте таа да е во согласност со вашите очи и кожа.
Оние пак кои не сакаат да прават драстични промени, може да се обидат со осветлување на неколку прамени. Ова ќе му даде дополнителна свежина на вашиот изглед.
3. Должината
Кратката коса најчесто се поврзува со активен начин на живот и асоцира на младост, па, колку сте постари, толку пократка треба да биде вашата коса. Сепак, внимавајте да не претерате – премногу кратките фризури го прават овално вашето лице, па нема да ја постигнете посакуваната цел. Најдобра должина е онаа од брадата, па до средината на вратот.
4. Волуменот
Мазната коса прави да изгледате постари, па затоа трудете се почесто да имате волумен. Но, исто така и овде треба да внимавате да не претерувате, зашто премногу волумен може да направи да изгледате постари. Трудете се тоа да изгледа природно и незабележително, а ова може да го постигнете полесно ако имате фризура со степени или пак, виткана коса. Користете и лак за коса, но секако, во умерени количини.
5. Шишките
Шишките може да направат да изгледате помлади со тоа што ќе ги скријат брчките на челото и ќе ги истакнат очите. Оптимално решение е да ги направите со средна дебелина. Премногу дебелите и прави шишки може да направат вашето лице да изгледа пократко и подебело.
6. Патецот
Кога патецот ви е на средината, тој дава строгост на вашето лице и прави да изгледате постари. Подобро е да користите различни опции. На пример, ставете ја косата на едната страна при што вашите очи ќе изгледаат поголеми и повеќе ќе доаѓаат до израз.
7. Секојдневниот стил
Совршено правата и залепена коса за вашето лице може да ви додаде неколку години плус. Доколку ја носите косата во коњско опавче, оставете неколку опуштени прамени од двете страни на лицето, а ако пак ја носите пуштена, тогаш подобро е да ја направите малку брановидна.
8. Вечерните фризури
Доколку се подготвувате за вечерно излегување, избегнувајте тапирање на косата или премногу издигнати фризури. Како и секогаш, вашата коса треба да изгледа природно. Доколку сепак сакате нешто поразлично, обидете се со некоја плетенка.
Дополнителни совети:
- Прекумерното користење производи за обликување на косата прави да изгледате постари. Ова важи и за секојдневните и за вечерните фризури.
- Доколку користите додатоци за коса бидете сигурни дека тие се со добар квалитет. Избегнувајте користење пластични чешели, детски шноли и слично.
- Доколку се одлучите за виткана коса, настојувајте да ги правите локните што поголеми. Малите кадрици овозможуваат прекрасен изглед, но тоа важи само доколку сте помлади од 25-30 години.
- Сите овие техники може да бидат користени на здрава и негувана коса. Затоа, трудете се секогаш на косата да ѝ го овозможите најдоброто!