Едноставни трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот за 60 секунди!
Топлите летни денови конечно пристигнаа, но веќе ги чувствуваме последиците од долгата зима. Не сме почнале да вежбаме навреме, па сега не можеме гордо да облечеме шорцеви и кратко здолниште поради најголемиот женски непријател. Погодувате за што станува збор? Секако дека мислиме на целулитот. За среќа постојат 3 експресни решенија за прикривање на целулитот кои делуваат буквално за 60 секунди!
Слободно можете да ги искористите овие трикови кога ќе сакате да облечете кратки парчиња облека, но најдобро би било да почнете со вежбање и здрава исхрана што е можно побрзо за да се ослободите овој кошмар еднаш засекогаш. Во продолжение, дознајте за што точно станува збор…
Лак за коса
Купете лак за коса со висок степен на зацврстување и испрскајте го по бутовите, односно по деловите на кои имате целулит. По нанесувањето на лакот, стојте исправено и не се поместувајте додека лакот не се исуши целосно. Би требало да почувствувате како кожата ви се затегнува. Трикот е во тоа што сјајот од лакот се прекршува на светлина и на тој начин визуелно ќе ги сокрие непривлечните дупки и нерамнини. Со помош на лак за коса ќе можете да ја зацврстите и опуштената кожа на рацете.
Средство за потемнување на кожата
Целулитот најмногу се гледа на светла кожа. Колку што е потемна кожата толку поневидлив е целулитот, па за таа цел можете да ги искористите спреовите и кремите за самопотемнување. Внимавајте само бојата да не биде премногу темна за да не се разликува од останатите делови на телото.
Ладен туш
Можеби не сте знаеле, но ладната вода и тоа како ја затегнува кожата! Туширајте се со онолку ладна вода колку што можете да издржите и барем 5 минути туширајте ги деловите од телото каде што имате целулит со што е можно поладна вода. Ефектот ќе ве остави без зборови!
Доколку не ви помогнаа овие трикови, направете сами домашна крема против целулит за резултати по само 7 дена!