Едноставни совети за визуелно зголемување на очите

Едноставни совети за визуелно зголемување на очите

Дали отсекогаш сте барале начини за очите визуелно да ви изгледаат поголеми? Па, секако дека да. Поголемите очи го отвораат лицето и ве прават да изгледате посвежи и поведри. Тоа ќе го постигнете преку следниве лесни чекори.

0-ednostavni-soveti-za-vizuelno-zgolemuvanje-na-ochite-kafepauza.mk_

Хидратација

Еден од најлесните начини за визуелно зголемување на очите е ослободувањето од потеченоста. Добро е да ставите ќеса мраз на очите и да ја држите 10 минути. Исто така, набавете си добар крем за очи, што доволно ќе ги навлажни. Внимавајте истиот да биде употреблив и дење и ноќе. Веднаш ќе ги забележите резултатите.

Коректор

Подочниците не само што прават да изгледате поизморено, туку и визуелно ви ги смалуваат очите. Набавете си коректор што е една или две нијанси посветол од природниот тен. Така, ќе постигнете изедначување на бојата на кожата со останатиот дел од лицето.

Виткач за трепки

Веројатно веќе имате виткач за трепки, но ретко го користите. Виткањето на трепките одзема толку малку време, а има огромен ефект. Визуелно ги зголемува и отвора очите, а истовремено дава посекси изглед.

Маскара

Неверојатно колку посвежо и побудно ќе изгледате кога ќе нанесете маскара. Има толку огромен избор, што веруваме дека ќе го најдете типот што најмногу ви прилега.

Остри тенки линии

За навистина визуелно ги зголемите трепките, со туш нанесете тенка, остра линија на горниот капак.

Едноставни совети за визуелно зголемување на очите

Посветли бои

Речиси сите користат молив за очи во црна боја. Секако, убаво изгледа, но речиси двојно визуелно ги намалува очите. Наместо тоа, користете бел молив за очи, што многу повеќе ќе ве отвори.

Остри краеви

Кога со моливот или тушот за очи, исцртувате линија, направете ја поостра и подебела на надворешните агли од окото. Ова визуелно ги подигнува и изострува очите. Само, внимавајте да не претерате.

Различни бои

Црната и кафеавата боја на молив за очи веќе стануваат малку досадни. Променете нешто и пробајте со темно сина, виолетова нијанса или пак нешто посвежо како тиркизна или сребрена боја.

Нагласување на посебни точки

Нанесувањето со бронзено руменило на внатрешните агли на окото, истите ги подигнува. Исто така, нагласете посебни точки околу очите. На пример, можете да ставите коректор на линијата над веѓите за посвеж изглед.

Грижа за веѓите

Веѓите го даваат обликот на лицето. Затоа, секогаш одржувајте ги во најдобро издание. Искубете ги сите непотребни влакненца, а празните места потоа пополнете ги со молив за веѓи. Исто така, исчеткајте ги, за уште поуреден изглед.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар