Едноставни совети да се облечете минималистички, а сепак да изгледате прекрасно
Штом станавме доволно возрасни да почнеме да се интересираме за модата, нè учеа дека „малку е повеќе“, да се облекуваме едноставно и сведено, со стил, а доколку сакаме да се истакнеме, да го направиме тоа со помош на впечатливи аксесоари. Проблемот е во тоа што понекогаш минималистичкиот стил може да делува досадно и безживотно, што започнуваме да се запрашуваме дали целото време нè учеле погрешно? Но, не е така. Во тој минималистички стил дефинитивно постои „x фактор“, бидејќи инаку, како овој моден тренд би опстанал толку долго време? И ние го поддржуваме овој стил на облекување, а доколку се грижите да не изгледате премногу „обично“, еве на кои начини можете да го унапредите.
1. Класично, во тренд
Минимализмот не трпи премногу детали, па така треба да внимавате кога е во прашање овој стил на облекување. Сепак, за да не изгледате досадно, своите класични, безвремени парчиња облека комбинирајте ги со некое исто така класично парче облека, но кое во себе има нешто занимливо, што отскокнува. Како што веќе наспоменавме, спојте го сведениот изглед со некој модерен аксесоар.
2. Различни материјали
Совпаѓање во боите, совпаѓање во формата и силуетата, совпаѓање дури и во деталите, но смелост во изборот и комбинирањето на материјалите. Темните фармерки понесете ги со едноставна, еднобојна блуза и класично сако, а целата комбинација заокружете ја со квалитетна, но истовремено минималистичка чанта.
3. Пронајдете го прекрасното во минималистичкото
Белата блуза, на пример, звучи досадно и едноставно. Но, бела блуза со занимлив или асиметричен крој, со необични ракави или јака е сосема друга приказна. Значи, и она што на прв поглед е минималистичко и „малку е повеќе“ може да има свој впечатлив момент и да направи да изгледате прекрасно!
4. Специјалитет на куќата – монохроматски стил
Кога е облекувањето во прашање, минималистичкото и монохроматското се како две сестри. Монохроматскиот стил е доста популарен во модна смисла, а сепак совршено се наоѓа во границите на минимализмот. Сепак, и овде можете да бидете посмели и да си поиграте со материјалите и силуетите и да споите нешто што на прв поглед воопшти не оди едно со друго.
5. Каиш – во сè се меша!
Кога не сте сигурни, тогаш вашата комбинација зачинете ја со впечатлив каиш и ќе добиете сосема нова димензија од вашиот стајлинг што и понатаму е минималистички и совршен.
6. Експериментирајте со принтовите (донекаде)
Да, знаеме дека минималистичкото и принтовите не одат едно со друго, но еј, правилата се тука за да се прекршат, зар не? Значи, вашата сведена комбинација сосема малку освежете ја со детаљ во силна боја или со занимлив принт и ќе го избегнете досадниот, „стерилен“ изглед.
7. Поглед преку рамената
Минималистичкиот стил е исто така и прилично контроверзен. Понекогаш облечете пократко здолниште или покажете ги голите рамена и „скршете“ ги стереотипите.
8. Слоеви, бои… Бидете неочекувани!
На крај, како и во случајот со принтовите, детаљот кој отскокнува ќе го „зачини“ вашиот минималистички стил и ќе направи да изгледате стилизирано, младешки и во тренд. Дискретните пруги на панталоните или капут во неочекувана јака боја ќе ви даде интересен и ниту малку досаден изглед кој сте го посакувале.