Едноставни, секси и стилски модни комбинации: Предлози за урбани вечерни излегувања!

Едноставни, секси и стилски модни комбинации: Предлози за урбани вечерни излегувања!

Секој петок и сабота, девојките се соочуваат со истиот проблем – безнадежно стојат пред гардероберот запрашувајќи се што да облечат. Па затоа, ние решивме да ви ги скратиме маките барем за овој викенд. Ви претставуваме едноставни, секси и стилски модни комбинации на познатите трендсетерки, кои се идеални варијанти за вечерни излегувања.

0-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

1. Црни залепени панталони, полупроѕирна блуза изработена од интересен материјал и малку бела боја на вртоглаво високи потпетици, е одличен избор за девојките кои сакаат да изгледаат класично, а секси.

1-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

2. Мини здолништето, но она мини здолниште кое е изработено од превртена кожа е едно од најголемите трендови за оваа сезона. Облечете го ако одите на вечера со своите пријателки или момче, а со него искомбинирајте ролка во светло портокалова боја и кафеави чизми со високи потпетици. Полн погодок, зар не?

2-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

3. Ризичен, но секако ефективен потег е токму оваа комбинација која ја облекла Кјара Ферањи во дневна варијанта. Таа одлично ги искомбинирала кусите тексас панталони, длабоките црни чизми и блејзерот под кој се наѕира градникот.

3-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

4. Кожно здолниште со интересен крој во комбинација со кежул блуза, бело сако кое дава контраст и црни обувки со висока потпетица, се доволни за да се издвојувате од толпата. А, ако со оваа комбинација ставите и дамски шешир, атрактивниот изглед ќе ви биде загарантиран.

4-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

5. Уште една комбинација со која со сигурност ќе се издвојувате од толпата е блуза на едно рамо и панталони со широки ногавици.

5-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

6. Здолништето со реси е вистински погодок за оваа сезона есен/зима, па ние ви предлагаме да го носите во сите ваши омилени варијанти.

6-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

7. Како да не ја сакате оваа прекрасна комбинација на молив здолниште и кроп топ?

7-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

8. Мини кожно здолниште во црна боја, црна чипка и чизми кои достигнуваат до над колената – полн погодок!

9-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-www.kafepauza.mk_

9. Облечете блуза со гол грб, но не во стандардна варијанта. Нашиот предлог е тоа да биде токму овој модел во потполно атипичен, но многу ефективен крој.

9-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk

10. За крај ја оставивме оваа феноменална и апсолутно преубава модна комбинација која од овој момент е нашиот фаворит за вечерно излегување.

10-ednostavni-seksi-i-stilski-modni-kombinacii-predlozi-za-urbani-vecherni-izleguvanja-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар