Едноставни промени во вашата пролетна гардероба кои треба задолжително да ги направите

Едноставни промени во вашата пролетна гардероба кои треба задолжително да ги направите

Постојат модни трендови кои ни се многу драги и од кои со тешка мака се откажуваме. Искинатите фармерки, на пример, никако не сакаме да ги оставиме во гардероберот оваа пролет, без разлика колку други модели на фармерки се актуелни. Сепак понекогаш ни е потребна помош од пријател кој ќе нè насочи на „вистинскиот пат“ и ќе ни даде поддршка да го направиме храбар чекор и да испробаме нешто ново.

0-Ednostavni promeni vo vashata proletna garderoba koi treba zadolzhitelno da gi napravite-www.kafepauza.mk_

Бидејќи пролетта само што не пристигнала, сега е вистинското време да ги направиме потребните промени во пролетната гардероба. Без разлика дали станува збор за мантил кој целата модна комбинација ќе ја направи занимлива или пак за обувки кои се сосема поразлични од секојдневните, некои брзи и едноставни промени на клучните парчиња во гардероберот, може да направат „нова жена“ од вас. Еве како да го освежите вашиот гардеробер пред новата сезона:

Исфрлете ја кожната јакна и заменете ја со мантил со занимлив принт

Сите ние знаеме дека црната кожна јакна е класична и токму поради тоа засекогаш ќе биде дел од нашиот живот, па никако не ви предлагаме да се откажете од неа. Но, оваа пролет акцентот е на нежните бои, романтичниот стил и „слободните“ кроеви, а мантилите се совршени парчиња кои можат да ни помогнат да преминеме од тешките капути и јакни во некои полесни форми.

1-Ednostavni promeni vo vashata proletna garderoba koi treba zadolzhitelno da gi napravite-www.kafepauza.mk_

Исфрлете ги класичните бели патики и заменете ги со златни металик патики

Долго време носевме снежно бели патики и сега е вистинско време за промена! Оставете ги белите патики во кутијата до следната пролет, а оваа година заменете ги со патики во металик златна боја, кои совршено ќе ги споите со сенка во иста нијанса или металик лак за нокти.

2-Ednostavni promeni vo vashata proletna garderoba koi treba zadolzhitelno da gi napravite-www.kafepauza.mk_

Исфрлете ги искинатите фармерки и заменете ги со куси ѕвонарки

Искинатите фармерки го имаа својот момент, но дојде време кога треба да испробате нешто поразлично. Одлучете се за кусите ѕвонарки со кои ќе добиете тренди и модерен изглед.

3-Ednostavni promeni vo vashata proletna garderoba koi treba zadolzhitelno da gi napravite-www.kafepauza.mk_

Исфрлете ги големите торби и заменете ги со едноставна плик чанта

Зошто би ја оптоварувале вашата модна комбинација, но и вашето рамо, со тешка чанта? Изберете лесна плик чанта во пудра розова нијанса која совршено ќе го следи пролетното расположение.

4-Ednostavni promeni vo vashata proletna garderoba koi treba zadolzhitelno da gi napravite-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар