Едноставни, но ефикасни спа тајни за совршена кожа
Баш како тренерот кој се обидува да ги доведе вашите мускули во одлична форма, така и спа центрите се обидуваат да ја подигнат убавината на вашата кожа на повисоко ниво. После еден третман (или два) ќе се изненадите колку вашата кожа може да биде свилена. Но, тоа што многумина не го знаат, а треба, е фактот дека можете да постигнете идентични резултати и дома. Разни експерти за убавина ги споделија нивните тајни со нас за да научиме како да се однесуваме кон нашето тело како професионалци. Најдоброто од сè? Не мора да закажувате, ниту пак да оставате бакшиш.
Спа тајна бр. 1: Негувајте се како да сте родени за тоа
Користење пилинг за тело неколку минути додека сте под тушот е подеднакво ефикасно како и медитирањето во текот на „километарските“ телефонските разговори. Токму поради тоа, козметичарите стануваат опседнати со пилингот. Посебен трик? Сконцентрирајте се посебно на секој дел од телото од 5 до 10 минути, започнувајќи од рамената, а завршувајќи до прстите на нозете.
„Можеби делува како претерување, но навистина е потребно толку време за да се добие видно понежна кожа“, велат експертите.
Исто така, тие користат единствени начини на триење за да ги отстранат мртвите клетки од кожата.
„Користиме бавни, кружни движења притискајќи ја кожата со палците“, вели една козметичарка.
Доколку сакате да ја направите кожата екстра свилена, нанесете пилинг додека вашата кожа е сува.
Спа тајна бр. 2: Не бегајте од производите од супермаркетот
Мислите дека сите „специјални“ креми се премногу гламурозни за вас? Размислете повторно. Во правењето и мешањето на кремите за третмани, многу спа центри се потпираат на евтини (но ефикасни) состојки. Па така, во садот за маникир ќе ви сипат млеко бидејќи млечната киселина ја омекнува кожата подеднакво добро како и некоја наменска и скапа крема. Не е ретко и во средствата за пилинг да се додаде шеќер за да го направат „погруб“ и поефикасен. А, како ви звучи фактот дека во кремите за тело додаваат малку мед за да биде екстра хидратантен? Уште еден супер трик за домашна употреба: Исцедете пола лимон во купката – лимоновиот сок има природни киселини кои ќе ја осветлат кожата.
Спа тајна бр. 3: Зголемете ја дозата на тоа што го мачкате
Многумина користат пилинзи, лосиони и млеко за тело како да се направени од злато – малку. Таа количина едвај се трга од вашите дланки и воопшто не допира до длабинските слоеви на вашата кожа. Затоа не чудете се зошто не сте задоволни од резултатите на вашата нега. Во спа центрите не штедат на креми. Не само што супер ја хранат вашата кожа, туку имаат и психолошки ефект: Допуштете си себеси луксуз кој ви ја „храни“ потсвеста, но и со тоа дава чувство на нега.
Доколку ве заплашува цената на големите пакувања, можете да се определите барем за поголеми количини од производот, па определете се за количина рамна на големината на едно топче за голф. Ниту ќе банкротирате, ниту ќе чувствувате вина, а вашата кожа ќе профитира.
Спа тајна бр. 4: Прескокнете ја супер опремата
За ефикасна нега не ви е потребна опрема за да го постигнете совршениот изглед. Исто така, во спа центрите користат едноставни алатки за луксузни третмани. Така на пример, практикуваат нанесувањето на кремите и маските да се одвива со регуларни четки за бојадисување за брзо, лесно и темелно да се намачка целото тело. Тупферите кои ги користат се истите оние што вие ги користите дома. Но, она што не го гледате се сунѓерите и луфите кои се користат за сите клиенти и кои стојат со недели и месеци во спа салоните. За разлика од нив, вие би требало да имате ваши бјути „алатки“, посебно луфи за капење кои би требало редовно да ги менувате, по можност еднаш месечно.
„Овие производи се идеални за собирање бактерии, па затоа е потребно редовно да ги менувате. Освен тоа, новите производи ѝ даваат многу подобро чувство на кожата“, велат дерматолозите.
Спа тајна бр. 5: Маските може да имаат повеќенаменска употреба
Имате своја омилена маска за лице? Тогаш би требало да знаете дека таа не мора да ви служи само за нега на лицето. Поединечни козметичари ги користат и за нега на вратот и градите.
„Кожата на овие делови од телото се подеднакво деликатни како кожата на лицето, т.е. им пријаат маски кои имаат благотворни состојки како овошните екстракти“, велат дерматолозите.
За максимален ефект нанесувајте ја маската така што ќе ја „лизгате“ со прстите преку лицето со брзи движења нагоре.
„На овој начин ќе ја забрзате циркулацијата и апсорпцијата на сите хранливи состојки од маската“, велат експертите.
Спа тајна бр. 6: Фатете ги капките вода
За да го продолжите животот и сјајот на кожата после третманот, експертите се сложуваат дека би требало да поработите на хидратацијата.
„Намачкајте го целото тело со крема од 3 до 5 минути после излегувањето од кадата или тушот. Во спротивно, влагата од кожата ќе исчезне, па кремата нема да успее да продре во кожата толку ефикасно колку во случајот кога таа да е влажна“, велат експертите.
Кога е во прашање нанесувањето на производот, еве една супер стратегија – кремата мачкајте ја со кружни движења одоздола, па нагоре (во правец на срцето), со што ќе ја поттикнете циркулацијата и ќе добиете убава румена боја на образите.
Спа тајна бр. 7: Замотајте се во мек пешкир
Сега кога сте достигнале бјути совршенство, „нурнете“ се во мек, миризлив (по можност малку загреан на радијатор) пешкир. Топлината ќе ја подигне температурата на телото, па маслото и сите останати хранливи состојки од кремата ќе продрат длабоко во кожата. Ова е момент каде што сте ја допреле точката при која експертите го велат следново: „Опуштете се и уживајте.“ Топла шолја чај, исто така, може да направи чуда.
Бонус тајни:
Моќта на допирот: Секако, масажата совршено пријае, а новите истражувања покажуваат дека таа исто така може да го отстрани и стресот. Масажата ги стимулира посебните рецептори под кожата кои му праќаат сигнал на мозокот да ги забави дишењето и работата на срцето. Идеалната масажа трае од 20 до 30 минути и го опфаќа целото тело, со оглед на тоа дека овие рецептори се наоѓаат насекаде. Најдобар ефект дава секојдневната масажа, но и онаа брзата, фокусирана само на грбот, која треба да ја применувате неколкупати неделно, бидејќи може да го намали нивото на кортизол, супстанца која е блиску поврзана со појавата на стрес. Бонус ефект ќе постигнете доколку користите масло од лаванда кое има смирувачко дејство.
Намалете ги светлата: Совршената, пријатна атмосфера не секогаш подразбира цел тон наоколу поставени и запалени свеќи. И класичното осветлување може подеднакво да ја направи атмосферата посебна. Определете се за светилки со помала волтажа и доколку е можно, пештерни. Ниските ламби поставете ги во просторијата така што да емитуваат дискретно и „топло“ светло.
Слушајте ги вистинските тонови: Во изборот на музика која е идеална за спа центарот, експертите се потпираат на само една работа – пулсот. Значи, за да ги одведете вашето тело и дух на некое поубаво место изберете ја онаа музика која ќе ги доведе вашите отчукувања на срцето во нормала (од 60 до 80 отчукувања во минута). Ова музика би требало да биде рамномерна во јачина и темпо, па класичната музика или лесниот соул и џез, ќе бидат сосема добар избор.
Нурнете се во мирисите“: Вашата спална соба мора да блеска, но подеднакво и добро да мириса. Во спа центрите употребуваат едноставен, но фантастичен трик – миризливи свеќи кои емитуваат мирис на лаванда, еукалиптус и цитрусно овошје. Апсолутен хит во некои спа центри се свеќи на база на восок од соја, кои ги замениле класичните миризливи свеќи, бидејќи многу подолго горат, а емитуваат поинтензивен мирис.