Едноставни начини како да го намалите сомнежот во себе

Едноставни начини како да го намалите сомнежот во себе

„Нашите сомнежи се предавници и прават да го изгубиме доброто кое сме можеле да го добиеме, со тоа што се плашиме да се обидеме.“ Ова е мисла на Вилијам Шекспир, мудрост стара 400 години која одлично ја сумира ваквата животна ситуација во која сите понекогаш се наоѓаме. Но, како да ги намалиме сомнежите во себе кои прават да го изгубиме доброто во животот?

Едноставни начини како да го намалите сомнежот во себе

1. Водете дневник

Не грижете се, не мора да пишувате роман со заплет и расплет. Но, штом ќе се разбудите, земете го вашиот дневник и запишете ги работите за коишто сте благодарни и работите кои сте успеале да ги завршите. Доколку им дадете значење на позитивните аспекти од вашиот живот, лесно ќе сфатите дека во вашето секојдневие се случуваат многу убави нешта кои ги занемарувате поради сомнежот во себе.

2. Не брзајте со вашите рутини

Дали сте забележале дека повеќе се сомневате во својата способност да завршите нешто кога сте под голем стрес? Медитацијата е одличен начин да го намалите стресот, а исто така и сомнежот во себе. Опуштањето ја намалува вознемиреноста и ги смирува умот и телото. Кога не ги избрзуваме работите, полесно е да ги гледаме нештата онакви какви што се, односно сфаќаме дека сме способни да направиме повеќе. Едноставен начин како да ја примените оваа практика е да имате барем еден оброк во денот без да го користите телефонот. Пораките кои пристигнуваат од работното место оставете ги за подоцна.

3. Не ги проверувајте социјалните мрежи веднаш штом ќе се разбудите

Според една студија, група луѓе кои престанале да се вклучуваат на социјалните мрежи во период од една недела, биле многу посреќни од оние кои ги користеле социјалните мрежи како и вообичаено. Не велиме дека треба да ги деактивирате вашите профили засекогаш, но обидете се да не ги проверувате овие мрежи веднаш штом ќе се разбудите.

4. Кажувајте си позитивни афирмации

Смислете неколку охрабрувачки фрази со кои ќе го почнувате секое утро и кои ќе ги повторувате сѐ додека и самите не поверувате во нив. На пример, секојдневно велете си „Јас можам да го направам ова“, „Јас ќе успеам во тоа што ми е замислено“ и сл.

5. Прифатете го чувството на сомнеж

Колку и да се трудите да го одбегнете, чувството на сомнеж ќе се појави кога најмалку очекувате. Дури и кога ќе добиете унапредување на работа бидејќи вредно сте работеле, доколку се сомневате во себе ќе помислите дека тоа е чиста среќа и дека наскоро сите ќе дознаат дека сте неспособни. Обидете се да запомните дека секој се чувствува вака понекогаш. Колку и да е тешко, прифатете го ова чувство и продолжете понатаму без да му дозволите целосно да влијае на вашите секојдневни активности.

Кои се промените во секојдневниот живот кои ќе ви ја зголемат самодовербата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар