Претходно
Едноставни и сочни мафини за кои ви се потребни само 5 состојки
Богати чоколадни колачи кои се толку едноставни за подготовка, а сепак толку вкусни и сочни
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 50 грама шеќер
- 340 грама Нутела
- 90 грама брашно
- 1/2 лажичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Заедно изматете ги јајцата и шеќерот.
- Додајте ја Нутелата и мешајте додека состојките не се соединат.
- Во друг сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додајте ја смесата од јајца и Нутела. Мешајте сè додека не добиете еднолична смеса.
- Калапот за мафини наполнете го со смесата до 2/3 во висина.
- Печете ги мафините од 10 до 15 минути или додека врвовите не бидат сјајни и испукани, а средината мека.