Едноставни чекори кои ќе ви помогнат да ја зголемите самопочитта

Едноставни чекори кои ќе ви помогнат да ја зголемите самопочитта

Ако сакате да ја зголемите вашата самодоверба, запомнете дека процесот зависи од вас и само од вас. Не заборавајте дека никогаш нема да бидете самоуверени доколку не се сакате себеси и не се почитувате доволно. Еве кои се конкретните чекори што можете да ги преземете за да ја зголемите самопочитта.

Едноставни чекори кои ќе ви помогнат да ја зголемите самопочитта

1. Бидете свесни за вашата ниска самодоверба

Не можете да промените нешто доколку не сфатите дека имате потреба од некаква промена. Со самото тоа што почнувате да станувате свесни за вашата самокритичност, почнувате да се оддалечувате од чувствата што таа ви ги предизвикува. Доволно е да не заборавите дека мислите се само мисли и дека не треба да верувате во сè што мислите.

2. Сменете ја приказната

Сите ние си имаме приказна која сме ја создале за самите себе. Токму преку оваа приказна ние ја обликуваме перцепцијата за самите нас. Ако сакаме да ја промениме приказната, треба да откриеме од каде доаѓа и кој или што ни ја вметнал во умот. Според психолозите, понекогаш негативните пораки од типот „ти си мрзелив/а; ти си дебел/а“, толку често ви се вртат во умот што по некое време почнувате да верувате во нив. Наместо тоа, можете да почнете со позитивни афирмации за себе. Во таа насока можете да направите мала вежба: за една минута напишете ги на лист хартија сите позитивни работи за себе.

3. Фокусирајте се на вашите силни страни

Секој од нас има силни и слаби страни. Секогаш кога ќе наидете на тешкотии и сомнежи, повикајте се на вашите способности. Доколку пак ви е тешко самите да ги откриете и препознаете, замолете ги пријателите да ви помогнат. Понекогаш на другите им е полесно да го видат она што се крие во нас отколку ние самите.

4. Вежбајте

Многу истражувања ја покажале поврзаноста меѓу вежбањето и зголемената самодоверба, како и подобреното ментално здравје. Освен тоа, студиите покажале и дека правилната исхрана и доволниот сон исто така имаат позитивни ефекти врз сопствената перцепција.

5. Простете им на оние кои ве повредиле

Има ли некој во вашиот живот на кој не можете да му простите, без разлика дали се работи за поранешен партнер, член на семејството или пак вие самите? Чувствата на горчина и потиштеност нема да ви донесат ништо добро- тие само ќе ве држат заробени во кафезот на негативноста. Затоа од големо значење е да умеете да простувате, но и да побарате прошка од другите. Тоа ќе ви помогне и да ја зголемите самодовербата.

Откако ги прочитавте нашите сугестии за зголемување на самодовербата, можеби ќе сакате да прочитате и за 7-те внатрешни архетипови коишто ги парализираат вашите самодоверба и самопочит.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар