Едноставна утринска вежба од 5 минути која ќе ви го промени животот
Тешко е да се одвои време за утринско вежбање, особено кога сте многу зафатени и целиот распоред ви е пополнет со деловни и семејни обврски. Како изгледа вашето утро? Туширање, кафе, појадок, одење на работа…? Одвојте само 5 минути од вашето утринско време за оваа вежба, затоа што таа има моќ целосно да ви го промени животот.
Вежбата се нарекува „Поздрав на сонцето“ или „Surya Namaskara“. Всушност, станува збор за практикување утринска јога од 5 минути која ќе ви помогне успешно да се справите со претстојниот ден. Освен тоа, таа лесно се прави и е погодна за секој. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа вежба:
- Го обновува нервниот систем
- Го зајакнува имунолошкиот систем
- Го подобрува здравјето на белите дробови
- Го стимулира дигестивниот систем
- Ги намалува мастите во телото
- Ја подобрува работата на бубрезите
- Поттикнува правилно држење
- Го чисти вашиот ум од измешани мисли
- Ја центрира вашата енергија
- Совршено ве подготвува за претстојниот ден
Погледнете го видеото и мотивирајте се!