Едноставна техника која ќе ви помогне да се опуштите за само 1 минута!
Некои луѓе многу добро ги препознаваат своите емоции и наоѓаат начин навремено да се справат со нив. Други, пак, имаат тешкотии да ја надминат нервозата. Дали сте можеби еден од оние луѓе на кои им е тешко да се справат со непријатните чувства? Можеби се повлекувате во себе или се прејадувате? Можеби претпочитате да се втурнете во дигиталниот свет и безумно да губите часови на социјалните мрежи?
Но, со таквите постапки вие едноставно ги игнорирате вашите проблеми. Ако не ги ослободите вашите негативни чувства, тие остануваат во вас и на крајот може да се манифестираат како болест – и психичка и физичка.
Значи, најважното нешто во овој случај е да пронајдете начин да се ослободите од стресот што е можно побрзо, за да немате долгорочни последици поради негрижата за вашата благосостојба. Оваа техника може да ви помогне во тоа.
Тоа е метод што некои го нарекуваат „кундалини“ медитација и се состои во „размрдување“ на сите ваши негативни чувства од телото!
Оваа техника е забележана и во природата. Дали некогаш сте виделе животно да го растресува телото по нападот од друго животно или поради стресна ситуација? Како со тој гест животните да сакаат да се ослободат од непријатните чувства и да продолжат со вообичаените активности. Еве во што се состои оваа техника:
- Поставете тајмер за една минута.
- Бидете во стоечка положба, опуштете ги рамената и затворете ги очите.
- Почнете да го тресете телото. Не се ограничувајте и не размислувајте како изгледате. Само опуштете се и протресете го телото.
- Направете го ова една минута, а потоа останете во истата положба уште неколку минути со затворени очи и размислете како се чувствувате во моментов. Дали сте поопуштени отколку порано?
Станува збор за ефективна техника за релаксација, па затоа ве советуваме да ја користите секогаш кога ќе се чувствувате очајно или под стрес.
Откако прочитавте за оваа техника за опуштање, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги препознаете и како да се справите со паничните напади.
Извор: citymagazine.danas.rs